Прашањето на сите прашања со кое овие денови се занимава британската економска јавност е: како Лиз Трас, британската премиерка, ќе ги плати предложените намалувања на даноците?
Не со кратење на јавната потрошувачка, што го вети вчера, а што ги покрена прашањата кај економистите за нејзиното ветување дека нема да го „надува“ дефицитот.
Сомнежите во фискалната исправност на економскиот план на британската влада продолжуваат да одекнуваат, намалувајќи ја вредноста на фунтата. Иако владата отстапи од ветувањето дека ќе ги намали даноците за оние со најголеми примања, Трас не покажа никаков знак за повлекување од другите даночни намалувања во пакет, вклучително и намалување на данокот на добивка.
Аналитичарите, меѓутоа, велат дека континуираните турбуленции на пазарот би можеле да ја принудат да побара уште едно повлекување за да се врати кредибилитетот на нејзината влада. Таквото повлекување ќе нанесе огромен удар на авторитетот на Трус, која функцијата премиер ја извршува нешто повеќе од еден месец.
Еден истражувачки институт процени дека владата можеби мора да ги намали трошоците за 60 милијарди фунти (околу 66,5 милијарди долари) ако се држи до своите планови за намалување на даноците.
Брзата распродажба на британските државни обврзници поттикна дополнителен хаос на финансиските пазари, откако Банката на Англија испрати различни пораки за тоа дали ќе продолжи да ги поддржува пензиските фондови и другите инвеститори.
(Фото: Политико)







