Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бројот на заразени во светот достигна 77 милиони, СЗО го истражува новиот вид коронавирус
Во Фокусот

Бројот на заразени во светот достигна 77 милиони, СЗО го истражува новиот вид коронавирус

декември 21, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Земјите низ светот почнуваат вакцинација и дистрибуција на регистрираните вакцини, а неколку во Европа забранија летови и возови од и до Велика Британија откако се
појави нов вид коронавирус–варијанта или мутација на КОВИД-19 на југоистокот од Англија.

Светската здравствена организација вчера соопшти дека откриени се случаи и во Данска, Холандија и Австралија.

СЗО е во контакт со официјален Лондон и ќе ја извести јавноста откако ќе бидат направени итни истражувања на карактеристиките и импликациите на новиот вирус.

„Новиот вид на коронавирус, идентификуван во Велика Британија е до 70 проценти позаразен, но не се смета за посмртоносен, па затоа вакцината треба да биде ефикасна“, соопшти британскиот премиер Борис Џонсон.

Според британскиот министер за здравство Мет Хенкок, новиот вид коронавирус е „надвор од контрола“, а главниот британски епидемиолог Крис Вити изјави дека може да се прошири побрзо меѓу населението, но засега нема показатели дека предизвикува поголема смртност или влијае на вакцините и начините на лекување.

Бројот на заразени од КОВИД-19 од почетокот на пандемијата во светот достигна 77 милиони.

Оздравеле 54 милиони, активни во моментов се 21,3 милиони, а битката со кононавирусот ја загубиле 1,7 милиони луѓе.

Кај нас вкупниот број дијагностицирани достигна 78 305, оздравени се 54 034, починати 2292.

Бројот на активни случаи е 21 979, од кои 11 822 се во главниот град.

Во нашите болници се лекуваат 1217 пациенти, позитивни и сомнителни на КОВИД-19, според статистиката на Министерството за здравство од вчера.

Од нив 479 се во болниците во Скопје (194 во ковид-центрите на интерните клиники, 141 на Инфективната клиника, 104 во ГОБ „8 Септември“ и 40 на Иститутот за белодробни заболувања кај деца – Козле) и 738 пациенти во ковид-центрите и инфективните оддели во другите градови во државата.

Министерството за здравство соопшти дека има околу 240 празни болнички кревети во ковид-центрите, со напомена дека состојбата е променлива затоа што во текот на денот има нови приеми, но се прават и исписи на оздравени пациенти и се ослободуваат дополнителни легла.

Во вчерашниот здравствен биланс беа евидентирани нови 357 случаи на КОВИД-19 од 1387 направени тестирања во 24 часа, а 132 од новозаразените се во Скопје.

Починаа 18 пациенти, најмладиот на 34 години.

Оздравени се 689 пациенти.

Заклучно со вчера, 3.882.290 евра се донирани од поединци, компании и институции во солидарниот државен фонд за борба со коронавирусот.

Тоа го соопшти премиерот Зоран Заев во објава на Фејсбук по повод Меѓународниот ден на човечката солидарност, нагласувајќи дека завршуваме една од најтешките години во постоењето на нашата држава.

„Се соочивме со планетарна криза која верувам го извади најдоброто од
човештвото–солидарноста. Изминатава година секој од нас помага на свој начин на оние кои се најранливи и на кои им е потребна помош. Успеавме да се сплотиме и да функционираме како едно и така треба да продолжиме и во иднина. Преку личен пример ве повикувам кој колку може да донира средства или да избере друг начин и да ја покаже својата љубезност кон сограѓаните“, апелираше Заев во објавата на неговиот фејсбук-профил заедно со линк до листата со донатори за поддршка за
справување со коронавирусот.

актуелно заразени коронавирус сзо
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.