Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бројот на заразени од Ковид-19 во светот надмина 40 милиони
Во Фокусот

Бројот на заразени од Ковид-19 во светот надмина 40 милиони

октомври 19, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Бројот на заразени со коронавирус во светот денеска надмина 40 милиони луѓе.

Евиденцијата е заснована на податоци објавени од одделни земји, но експертите сметаат дека стапката на смртност и заразеност е далеку поголема од официјалната поради недоволно тестирање и пријавување.

Рекорден дневен број на заразени се случи кон крајот на минатата недела кога тој број се искачи над 400.000 за првпат во светот.

Во изминатата недела секој ден просечно се заразувале околу 347.000, а во првата недела од октомври 292.000.

САД, Индија и Бразил остануваат трите земји кои се најпогодени од Ковид-19.

Северна, потоа Централна и Јужна Америка заедно сочинуваат околу 47,27 проценти од сите заразени луѓе во светот, што е речиси половина.

Во САД 247 се заразени на 10.000 лица, а во Индија и Бразил односот е 55, односно 248 на 10. 000 луѓе.

Европа во моментов сочинува 17 проценти од сите заразени луѓе во светот и речиси 22 проценти од сите жртви на Ковид-19.

Повеќе од 150.000 луѓе се заразуваат во Европа секој ден. Многу земји, вклучувајќи ги Италија, Холандија, Германија, Австрија, Полска, Украина, Кипар и Чешка, објавија рекордни дневни бројки на заразени.

Европските земји повторно ги засилуваат мерките, воведуваат делумно затворање, а Франција воведе полициски час.

Во Индија, бројот на заразени во саботата беше 7,43 милиони луѓе, а бројот на активни заразени падна под 800.000, првпат по месец и половина.

Иран е најтешко погодена земја од пандемијата на Блискиот исток и ги прошири ограничувањата и затворањата во Техеран веќе трета недела.

Бројот на починати од Ковид-19 во Иран е повеќе од 30.000.

Од почетокот на пандемијата, 1,1 милиони луѓе починаа од последиците на таа болест, а вкупната смртност е околу 2,8 проценти.

Официјален претставник на Светската здравствена организација (СЗО) рече дека смртноста од Ковид-19 може да се зголеми двојно пред да почне да се користи успешна вакцина, а бројот може да биде уште поголем доколку светот не се обедини и направи координирани напори за да се спречи пандемијата.

40 милиони актуелно број заразени свето
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.