Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Бројот на новозаразени со Ковид-19 под 100, на хоспитализирани под илјада
Во Фокусот

Бројот на новозаразени со Ковид-19 под 100, на хоспитализирани под илјада

декември 29, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

После подолг временски период вчера бројот на новозаразени со Ковид-19 е под 100.

Министерството за здравство вчера соопшти дека во последните 24 часа се направени 700 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на Ковид-19. Починати се 11
лица, а 419 оздравеа.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 81 804, на оздравени 59 650, а на починати 2 456.

Бројот на активни случаи изнесува 19 698. Досега направени се вкупно 394 329 тестирања на Ковид-19.

Во ковид центрите во болниците низ земјава се лекуваат 598 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот, а заедно со хоспитализираните на инфективните оддели во главниот град, вкупниот број е 984.

Слободни се околу 320 болнички кревети за ковид пациенти.

Вкупно 433 пациенти потврдени и сомнителни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град, а голем дел од нив се на кислородна поддршка.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковидодделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Премиерот Зоран Заев вчера од Тетово посочи дека се обезбедени пари за ковид поддршка и во 2021 година. Во буџетот, како што информира, се резервирани веќе во ковид програми, а има дополнителни средства и во одделни ресори. Според него се ќе зависи од доаѓањето на вакцината, која се очекува во јануари по побрзи патишта од оние од Ковакс системот најавени за март.

„Државата има веќе резервирано 50 милиони евра за ковид-програма за
2021. Дополнително 17 милиони се за плати. Во самите ресори имаме 30 милиони. Во Министерството за труд и социјална политика, за ранливи семејства, но и другите минситерства имаат вакви резервации. И се надеваме дека нема да бидат сите 12 месеци, а ќе бидат еден, два, три, зависи од вакцината. Ако јануари дојде вакцината, а очекуваме да дојде по побрзите патишта, оти од Ковакс системот велат март, ама имаме и побрзи патишта“, посочи вчера Заев.

Додаде дека доколку кризата трае подолго ќе направат ребаланс на буџетот и ќе обезбедат пари.

„Кои мерки ќе бидат во петтиот пакет зависи од работниците, синдикатите, коморите и сите други учесници во овој процес со кои од почеток заедно ги дефинираме пакетите на економски мерки“, изјави премиерот Заев.

Додаде дека доколку кризата трае подолго ќе направат ребаланс на буџетот и ќе обезбедат пари.

„Кои мерки ќе бидат во петтиот пакет зависи од работниците, синдикатите, коморите и сите други учесници во овој процес со кои од почеток заедно ги дефинираме пакетите на економски мерки“, изјави премиерот Заев.

Тој вчера посочи оти имаат целосна доверба во Институтот за јавно здравје и во сите здравствени институции.

„Јавните институции се професионални, сега се мотивирани и лекарите и здравствените работници комплетно, тие покажаа херојство за кое со децении ќе зборуваме. Драго ми е што ги наградивме, стимулација што работеа повеќе од нас овој период, но не можам да не се заблагодарам на Инспекцијата, на Полицијата, Армијата, инспекторите кои секој ден се на терен повеќе од 12 часа во просек, на Црвениот крст, на Противпожарните служби, на сите Управни служби кои работат, и за нивниот фокус за време на новогодишната ноќ и сите празници кои ќе ги работат“, рече Заев.

Тој појасни дека на овие служби им обезбедиле подобри услови, но им имаат дадено и дополнителни надлежности како што се затворањето и кривичните пријави. Според него, со својата упорност и херојството тие гом чуваат здравјето и народот преку тие контроли.

„Ако пред месец дена имавме фактор на проширување на заразата еден и пол, пред две недели беше 1,05, минатата недела беше 0,92, а сега е 0,8. Ова докажува дека контролите даваат резултати и ќе даваат ако избегнеме трет пик, а тоа е можнно да се случи на празниците. Да си носиме маски, да ги почитуваме мерките, да си седиме дома и да празнуваме одговорно“, порача премиерот Заев.

Европската комисија вчера усвои пакет од 70 милиони евра во рамки на Инструментот за претпристапна помош (ИПА 2), како поддршка за пристап на партнерите од Западен Балкан до вакцини против Ковид-19, кои ги набавиле земјите членки на ЕУ. Пакетот, како што најави Комисијата, ќе биде исплатен во облик на грантови, кои ќе помогнат да се покријат трошоците за вакцини за приоритетните групи во регионот, како и
неопходна опрема за вакцинација. Тоа ќе им помогне на земјите од Западен Балкан да купат одреден број вакцини преку Договорот за набавка на ЕУ со шест производители, со тоа што одделни земји членки на Унијата ќе го поделат делот од своите однапред добиени дози.

Брисел објаснува дека преку меѓународната иницијатива КОВАКС, за која земјите од Западен Балкан се пријавија, испораката на вакцини ќе почне подоцна од кампањата за вакцинирање во ЕУ, но Унијата „ќе го пополни тој јаз“, така што на регионот ќе му овозможи пристап до одреден број дози од своите купопродажни договори. Владата на Северна Македонија вчера го поздрави усвојување на овој пакет.

„ЕУ е нашиот најважен и најблизок пријател во сите фази на пандемијата. Ја поздравуваме одлуката да се обезбедат 70 милиони евра за да се покрие трошокот за вакцини за приоритетните групи, како и опрема потребна за да се изврши вакцинацијата. Имајќи предвид дека вакцинирањето во земјите членки започна викендов, ќе следат засилени напори и координирање што треба да овозможат итен пристап до вакцини за Западниот Балкан како клучен исчекор кон завршување на
пандемијата“, изјави вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.

актуелно Ковид-19 новозаразени
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.