Светски познатиот бренд „Бургер Кинг“ наскоро ќе започне со работа во Црна Гора. Точната локација и времето на отворање се уште не ги објавија.
Црна Гора, како што е соопштено, е најновиот додаток на широката мапа на земји во кои гостите можат да вкусат одлична дегустација на храна во примамливите ресторани на овој американски бренд.
„Основан во 1954 година, „Бургер Кинг“ брендот е глобален ланец на ресторани за брза храна, познат по квалитетот и вредноста на својата сендвичи и како единствено место каде што гостите можат да го добијат познатиот класик – „Вупер“ (Whopper) сендвич, печен на скара“, се наведува во промотивната објава во црногорските медиуми.
Ресторанот, како што се прецизира, наскоро ќе ги отвори своите врати, „овозможувајќи им на гостите во Црна Гора да го пробаат познатиот вкус на брендот, квалитетните производи сервирани со љубов и грижа во пријатен и модерен амбиент на ресторанот, дизајниран да ги комбинира современиот и минималистичкиот комфор на отворени простори каде сите се чувствуваат добредојдени“.







