Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Вакцина против Ковид-19 досега примиле над 26 000 граѓани, расте интересот за вакцинирање
Македонија

Вакцина против Ковид-19 досега примиле над 26 000 граѓани, расте интересот за вакцинирање

април 13, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Вакцина против Ковид-19 досега примиле 26 014 граѓани, стои на онлајн платформата kovid19vakcinacija.mk на која граѓаните може да се информираат за вакцините, процесот и фазите на вакцинација. На веб страницата vakcinacija.mk за вакцинација се пријавиле 154 248 граѓани.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера изјави дека вакцинацијата во државата се одвива добро, околу 25 000 граѓани се вакцинирани во салата „Борис Трајковски“, а денеска, како што посочи, завршува вакцинација на вработените во критичната инфраструктура, согласно националниот план.

„Од среда, останатиот дел од 20 000 вакцини на „Спутник“, ќе бидат распределени по возрасни групи“, рече Филипче.

Тој посочи дека вакцинацијата со останатите вакцини на „Спутник“ од денеска ќе се одвива исто како што се одвива вакцинацијата од почетокот со вакцината на „Астра Зенека“ по вакциналните пунктови. Министерот Филипче упати апел до сите граѓани да се пријават на сајтот за вакцинација „vakcinacija.mk“, со цел сите податоци на пријавените граѓани влезат во системот „Мој Термин“ и на тој начин да бидат регрутирани.

„Освен овој систем, кој исто така важи е и преку пријавување кај матичните лекари, кои имаат обврска да ги анкетираат своите пациенти, посебно постарите, кои треба да го изразат интересот за вакцинација. Значи од среда вакцинацијата ширум државата продолжува по возрасните категории, како ќе доаѓаат понатаму вакцини, ќе се надополнуваат двата системи“, додаде Филипче.

Приоритет имаат постарите граѓани, но продолжуваат и во делот на критичната инфраструктура.

Вакцинирани се целосно сите кои имаат најголем ризик и кои практично учествуваат во менаџирање на кризата од почеток, припадници на МВР, Армијата, вработените во училиштата, односно наставнички од прво до трето одделение, МТСП во делот на градинките, негувателките и воспитувачлите, понатаму праводуството, денеска е групата на вработени во Собрание, во техничките служби, а го очекува и интересот од страна на претседателот на Собрание во делот на вакцинација на пратениците.

Вчера во салата „Борис Трајковски“ се вакцинираа околу 600 новинари, и тоа тие од критичната група над 40 години и луѓе кои се со хронични болести. Вакцинацијата беше организирана во соработка со ЗНМ, ССНМ и Министерството за здравство.

Младен Чадиковски од Здружени на новинарите на Мекедонија (ЗНМ) посочи дека се надева оти во следната фаза ќе се вакцинираат и останатите медиумски работници.

Прашан дали бремените жени ќе се вакцинираат, министерот Филипче рече оти сите препораки треба да дојдат од стручниот тим што работи на вакви анализи.

„Сите препораки ќе дојдат од стручниот тим кој што ги работи анализите врз основа на публикација, ако има некоја категорија на граѓани да бидат внимателни, тогаш ќе има таква препорака односно ќе бидат приоретизирани, посебно на една ваква осетлива категорија, а овие денес вакцини кои што ќе дојдат, ќе бидат додадени на сегашниот систем на вакцинирање на граѓаните по возраст“, рече Филипче.

Тој појасни дека хронично болните ќе се вакцинираат согласно возрасната група, затоа што има навистина голема бројка и во таа смисла приоритетот се дава според возраста.

„Во секоја возрасна категорија, од 50 години нагоре, па секои пет следни, огромна е бројката на пациенти со хронични заболувања, така да сега продолжуваме по возраст и соодветно по доаѓањето на вакцините ќе се намалува возраста“, рече министерот.

За тоа кога ќе се очекува да се вакцинираат работници во маркетите, но и таксистите, Филипче рече дека апсолутно го сфаќа интересот за вакцинирање, но испрати апел сите да бидат трпеливи.

Соопшти дека вчера на состанок на Кризниот штаб како предлог е прифатено да се направи измена на Законот здравствена заштита со која на приватните болници ќе им се ограничи наплатата на финансиски средства за време на кризата што се однесуваат на лекување ковид пациенти. Ваквиот предлог денеска ќе биде поднесен до Владата.

Во врска со нови пратки вакцини, министерот синоќа на својот фејсбук профил напиша дека денеска на негово барање се сретнал со кинескиот амбасадор во државава, Џанг Ѕуо со кого разговарале за испораката на вакцините од производителот „Синофарм“, односно да се забрза процесот за испорака на 200.000 вакцини, кои според најавите на амбасадата во нашата земја би требало да стигнат до крај на месецов.

Во меѓувреме, Глобалниот сојуз за вакцини и имунизација (Гави), како што јави дописникот на МИА од Белград, соопшти дека Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово преку Ковакс системот во периодот од април до јуни треба да добијат по 100.620 дози од вакцината на „Фајзер“.

Како што пренесува Радио Слободна Европа, земјите од Западен Балкан првите дози на вакцини против коронавирус преку системот Ковакс ги добија во средината на март. Северна Македонија доби 24.000 вакцини на „Астра Зенека“.

Филипче на својот ФБ профил напиша дека 2000 кинески вакцини од производителот „Синофарм“ вчера пристигнале на аеродомот во Софија и се очекува од таму да бидат транспортирани во земјава. Станува збор за донација од Обединетите Арапски Емирати.

Според вчера објавените податоци на Институтот за јавно здравје за изминати 24 часа, регистрирани се нови 193 случаи со Ковид-19, 34 починати и 1014 оздравени пациенти.

Вкупно 1735 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во државава од кои 726 во Скопје.

Вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 142034, бројот на оздравени пациенти е 117794, на починати е 4262. Вкупниот број активни случаи во државава изнесува 19978 од кои 9324 се во Скопје.

актуелно вакцина Ковид-19
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.