„Поради состојбата со пандемијата на Ковид-19, годинава се откажува и традиционалната манифестација ,,Валандовска ракијада“, соопшти денеска организаторот, општина Валандово.
„Валандовската ракијада е исклучително важен настан за општина Валандово затоа што преку него се промовираат дел од културолошките посебности на валандовчани и се итакнуваат и промовираат автентичните вредности на регионот кои се пренесувани од генерации наназад.Се надеваме на подобри времиња и продолжување на традицијата од наредната година“, се вели во кусото соопштение од организаторот на
манифестацијата.







