Потребниот број на потписи жителите на Општина Валандово ги собраа пред истекот на рокот (15 јуни) за да иницираат рефендум за рудникот Казандол.
Повеќе од 2.200 жители се потпишаа на иницијативата за одржување на референдум, на кој граѓаните ќе се изјаснат за или против отворањето на новиот рудник за бакар Казандол и на новите рудници на територијата на општината.
Потребните беа 2.000 потписи, за датумот за одржување на референдумот допрва ќе се одлучува. Граѓаните велат дека инвеститорите, украинската компанија “Сардич”, морала да биде многу потранспарентни во однос на предностите и евентуалните негативни последици од работата на рудникот.
За овој рудник на референдум на 11 јуни ќе се изјаснуваат и жителите на Богданци, а на 18 јуни и граѓаните на Дојран.







