Поради големиот интерес за натпреварот од ЕХФ Лигата на шампионите против тимот на Кил од денеска се пуштени во продажба дополнителен контингент на билети.
„Преку онлајн продажната мрежа на www.ticketplus.mk и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански” ќе бидат пуштени во продажба ДОПОЛНИТЕЛНИ билети. Истите се за секторот „СТОЕЊЕ“. Цената на билетите е 150 денари“, соопшти РК Вардар.
Натпреварот меѓу Вардар и Кил е закажан за в сабота (12 октомври со почеток во 17:30 часот) во СЦ „Јане Сандански” во Скопје.







