Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Вархеји: Во следните денови ќе ја претставиме преговарачката рамка за Северна Македонија
Македонија

Вархеји: Во следните денови ќе ја претставиме преговарачката рамка за Северна Македонија

јуни 12, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во следните денови ќе ја претставиме преговарачката рамка. Тоа е следен чекор во процесот на преговори со Северна Македонија и Албанија, по што многу брзо ќе почнеме да работиме на тоа во Советот на ЕУ, со цел земјите-членки да ја одобрат и да продолжиме со процесот на пристапување.

Ова денеска го изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на панел дискусијата „Пристапување во ЕУ на Западен Балкан: Кредибилност, предвидливост и политичко водство“, во рамки на Економскиот форум Делфи, што се одржува видеоконференциски од Атина.

На панелот учествуваа и лидерот на СДСМ Зоран Заев, заедно со премиерите на Албанија и на Србија, Еди Рама и Ана Брнабиќ, а преку видео порака на форумот се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ.

– Во споредба со минатиот октомври, сега имаме нова методологија за процесот на проширување и успеавме да донесеме одлука за почеток на преговори со Северна Македонија и Албанија, рече Вархеји, додавајќи дека за Европската комисија, уште од првиот ден кога стапил на функцијата, односите со Западен Балкан се еден од највисоките приоритети.

Еврокомесарот оцени дека сите овие напори не можеа да се случат доколку Северна Македонија и Албанија не испорачаа резултати. – Тие испорачаа и затоа за нив во пакет беше донесена одлука за почеток на преговори од страна на Советот на ЕУ, рече Вархеји.

Тој изрази жалење што големиот економско-инвестициски план за регионот има мало одложување поради ситуцијата со коронакризата, но изрази надеж оти истиот ќе може да го презентира на почетокот на есента.

– Кризата со Ковид за жал малку ја прекина нашата работа, но сепак успеавме да обезбедиме поддршка преку инструментот за финансиска помош во износ од 3,3 милијарди евра за време на кризата, и ја покажавме нашата солидарност и важноста да останеме заедно со земјите од Западен Балкан преку самитот во Загреб, каде што одржавме видеоконференција со лидерите од тој регион, посочи Вархеји.

За еврокомесарот тоа беше многу важен знак колку се посветени кон тоа Западен Балкан да стане интегрален дел од Европската Унија.

актуелно вархеји преговарачка рамка северна македонија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.