Со најновата хит-комедија „Одам на лов“ од францускиот автор Жорж Фејдо, во режија на Деан Дамјановски, велешкиот театар „Јордан Х. К.-Џинот“ изминатиот викенд успешно настапи на фестивалите „Денови на комедијата“ во Куманово и „Св. Јоаким
Осоговски“ во Крива Паланка.
Како што изјави за МИА, Александар Иванов, в.д. директор на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“, за својата изведба на двата реномирани театарски фестивали и во Куманово и во Крива Паланка тие имале одличен прием од тамошната публика, која во преполните сали ги наградила со долг и гласен аплауз.
„Одам на лов“ е втора продукција на велешкиот театар од програмата за 2019 година.
Во претствата настапуваат актерите: Маја Љутков, Фаик Мефаилоски, Васил Зафирчев, Самоил Стојановски, Жарко Спасовски, Кети Борисовска, Талија Настова и Исидор Јовановски.
Драматург на претставата е Сашо Димоски, сценографијата е на Филип Коруновски, костимите на Елена Вангеловска, а изборот на музиката на Горан Трифуновски-Пајак.







