Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Велигден во услови на Ковид-19: И властите и Црквата апелираат да се почитуваат превентивните мерки
Во Фокусот

Велигден во услови на Ковид-19: И властите и Црквата апелираат да се почитуваат превентивните мерки

април 16, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Во пресрет на Христовото воскресение – Велигден, премиерот Оливер Спасовски апелираше да се почитуваат мерките на Владата, да нема собири и најголемиот христијански празник верниците да го минат во кругот на семејството, а црковните лица најавуваат литургии со ограничен број на луѓе во црквите, а останатите да стојат надвор од храмовите на дефинираната раздалеченост едни од други и заштитени со маски и ракавици.

Премиерот Спасовски во порака на Фејсбук нагласи дека Владата не отстапува ниту педа од одлуките и мерките кои се однесуваат на забраната за движење и за време на Велиденските празници, а кои се во интерес за заштитата на јавното здравје и во интерес на здравјето на секој граѓанин и дека тие важат за секого.

„Сите граѓани и сите чинители во општеството мора да ги почитуваат мерките на Владата, а тие се јасни и недвосмислени. Забрането е движење на сите граѓани во назначените часови во работните денови, а таа забрана е целосна за периодот од петок 16 часот до вторник 05 часот. Потсетувам дека е активна и забраната за групирање на граѓаните во групи поголеми од две лица, на јавни простори. Ова се активните ограничувања, одлуки и мерки и тие остануваат на сила и за време на велигденските празници.Владата не отстапува ниту педа од одлуките и мерките кои се во интерес за заштитата на јавното здравје и во интерес на здравјето на секој граѓанин. Тие важат за секого!“, пишува Спасовски.

Тој посочува дека, навистина, денес поминуваме низ тешки искушенија и во однос на личните вредности и потреби и оти прв пат православните верници, наместо во храмовите, ќе треба да ги поминат Велигденските празници во своите домови.

„Четерисетдневниот велигденски пост ќе го завршиме со личен подвиг во кругот на нашето семејство и во нашите домови. Велигденските пораки за победата над смртта ќе ги упатиме од дома. Преку телефон, преку интернет, секој од своето семејство, од својот сопствен дом, а не собрани по роднини и гости. Тоа нема да не направи послаби верници – напротив, тоа ќе ни го зајакне духот, зашто сите знаеме дека со тоа спасуваме ЖИВОТ. Нашите животи зависат од однесувањето на сите нас – никој од нас нема право да загрози туѓ живот – а живот нема да загрозиме ако останеме дома. Да се здружиме сите и да го запреме вирусот кој му се закани на целото човештво. Народот и државата можат заедно да го спречат ширењето на вирусот“, порача премиерот Спаосвски.

Тој нагласи дека секоја од одлуките која се носат во овие услови е со цел да се помогне во заштита на здравјето и животот на граѓаните и колку и да се тие одлуки тешки одлуки, сепак се носат за да би дале најбрз можен ефект.

„Јас знам дека сега се моменти кога за ваков христијански празник луѓето имаат и духовна потреба да отидат во храмовите, но сега овој момент на зачувувањето на здравјето и животот на граѓаните и на спречувањето на ширењето на вирусот е исто така една голема одговорност што ја имаме сите пред нас“, рече Спаспвски, додавајќи дека сите анализи покажале дека доколку не се донесеше ваква одлука, многукратно ќе се зголемеше ризикот за ширење на вирусот.

Затоа, тој апелираше да се почитуваат мерките, да нема никакви собири
и големиот христијански празник Велигден, да го поминеме во кругот на
семејството.

„Честитките да си ги упатиме до нашите блиски преку телефоните. Секој од нас може своите молитви да си ги направи дома во кругот на семејството. Ова е моментот кога треба да покажеме и патриотизам и храброст, а храброст и патриотизам во овие услови е да се остане дома и да се почитуваат мерките на Владата“, напиша премиерот на својот Фејсбук профил.

Со слични пораки излегоа и црковните лица, кои подготвија и посебна
програма за празнувањето на Велигден во услови на вонредната состојба, која предвидува секојдневни литургии, но со ограничен број на верници, а останатите да стојат надвор од храмовите на дефинираната раздалеченост едни од други и заштитени со маски и ракавици.

Црковните лица велат дека се свесни за состојбата со пандемијата која го измачува целиот свет, како и нашата држава, па затоа оваа година празнувањето на спомен денот на Христовата крсна откупителна жртва и Неговото Воскресение ќе биде прилагодено во однос на реалноста со која се соочуваме.

Презвитер Бобан Митевски од црквата „Св. Николај Чудотворец“ во Аеродром вели не би можел да предвиди дали е можно да се собере многу народ во црквите и да се создаде турканица.

„Не би можел да предвидам. Но, луѓето како што имаат потреба да бидат во редовите пред маркетите и друго, тие се и духовно жедни и имаат потреба од Бога, од присуството во храмот. Да веруваме дисциплираноста и во имањето чувство кај нашиот народ за состојбата. Всушност, апелираме на тоа“, вели тој.

Поради избегнување на масовно собирање, на богослужбите в недела и
в понеделник ќе учествуваат само свештенослужителите.

По богослужбите храмовите ќе бидат отворени за посета, поклонение,
индивидуална молитва, принос.

При тоа црковните лица апелираат да се почитуваат мерките за ред и пристапување, да не се прави групирање на повеќе луѓе, да се задржува
потребното растојание и верниците да носат средства за заштита.

Со слични предизвици се среќаваат и верниците и црквите што го чествуваат Велигден по Јулијанскиот календар во соседството.

Така, Црна Гора најави дека има намера да воведе забрана за јавни собири за време на велигденските празници.

Директорот на црногорската полиција Веселин Веловиќ најави дека
полициските службеници ќе го контролираат почитувањето на мерките
за заштита од коронавирусот.

„Верските служби ќе бидат служени без присуство на верници“, соопшти
црногорската полициска управа на Твитер, додавајќи дека полицијата ќе
санкционира какво било загрозување на здравјето на луѓето.

Српската православна црква бараше 60-часовен прекин на полицискиот час в недела за да им се овозможи на верниците да присуствуваат на неделната богослужба за Велигден, но Владата на Србија го отфрли ваквото барање.

Водечкиот српски епидемиолог Предраг Кон на вчерашната редовна конференција рече дека барањето на СПЦ претставува „негирање на се
што Србија се обидува да направи за да ги спаси животите на луѓето“.

актуелно Велигден Ковид-19
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.