Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ветеринарна комора: Сопствениците да ги шетаат кучињата и за време на полициски час, но во точно утврдено време и под строго дефинирани услови
Во Фокусот

Ветеринарна комора: Сопствениците да ги шетаат кучињата и за време на полициски час, но во точно утврдено време и под строго дефинирани услови

март 28, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Сопствениците на домашни миленици да добијат специјални дозволи со кои ќе може да ги изнесуваат кучињата надвор и додека трае полицискиот час, посебно за викендите, кога забраната за движење почнува од 16:00 часот“, препорачува Ветеринарната комора.

Притоа нагласува дека е многу важно да се дефинираат строги ограничувања и во таа насока предлага: движењето на сопствениците на миленици да биде од 19:30 – 21:00 часот, да трае максимум 20 миниути и да биде во радиус од 200 метри од зградата на живеење.

Овие специјални препораки Ветеринарната комора денеска ги достави до Владата.

„Кучето да биде придружувано само од едно лице кое постојано ќе се движи и нема да седи на клупа, за време на прошетката да се забрани групирање на сопствениците на домашните миленици на едно место и да се оневозможи интеракција на животно со животно, да се овозможи кучињата чии сопственици се неподвижни или постари од 67 години, да ги шетаат други, претходно назначени лица, соодветно да го собираат и отстранување цврстиот измет од милениците по шетањето, да се придржуваат до општите и посебните препораки за чување домашни миленици во услови на пандемија со КОВИД -19, како и сопственикот или придружникот кој го шета миленикот секогаш со себе да го носи и пасошотна кучето со кој се докажува кому му припаѓа и дека има микрочип (за да се спречат какви било злоупотреби на животното врзано за поводник, како изговор за слободно движење на луѓето)“, се препораките на Комората.

Како што вели за МИА претседателот на Ветеринарната комора, Томислав Николовски, кучињата мора да ги извршат своите физиолошки потреби, а секое менување на нивната веќе стекната рутина или навика, предизвикува дополнителен стрес.

„Новонастанатата ситуација со ограниченото движење на граѓаните може да предизвика доплонителни стрeсови кај домашните миленици. Прво, дневната рутина на домашниот миленик веројатно ќе биде прекината зашто членовите на семејството не се во можност да ги обезбедуваат потребите на вообичаен начин. Поради фактот што домашните миленици (кучињата) се зависни од луѓето за да ги задоволат повеќето од нивните потреби, во текот на овие денови на ограничено движење сопствениците на домашни миленици треба да обезбедат доволно храна, лекови и други производи за нега на домашни миленици, по можност да се хранат и да се шетаат по претходно вообичаен распоред и да се воспостави нова рутина со постепено менување на вообичаените постапки со домашните
миленици“, напоменува Николовски.

Нагласува и дека доколку сопствениците се во самоизолација зашто се заболени од КОВИД-19, треба да обезбедаат некое друго лице кое ќе може да се грижи за домашните миленици.

„Доколку сопствениците се со симптоми на КОВИД-19, а не се во можност да обезбедат некој друг да се грижи за нивниот миленик, потребно е да го ограничат контактот со домашниот миленик, да не го допираат миленикот, а, ако мора, да ги измијат рацете пред и по интеракцијата со животното“, истакнува претседателот на Комората.

Ако домашниот миленик, пак, има потреба од итен ветеринарномедицински третман, треба да се контактира матичниот доктор по ветеринарна медицина, да биде известен за новонастанатата ситуација и да се овозможи движење на сопственикот при потреба на пружање итна медицинска интервенција врз кучето.

До Ветеринарната комора деновиве стигнаа барања и од здруженијата за заштита на животни во однос актуелниот проблем на сопствениците на кучиња кои се чуваат во згради.

актуелно Ветеринарна комора кучиња полициски час
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.