Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » (ВИДЕО)Заев: Полицијата денеска е вистински пријател – заштитник на граѓаните
Македонија

(ВИДЕО)Заев: Полицијата денеска е вистински пријател – заштитник на граѓаните

мај 7, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев присуствуваше на свеченото одбележување на Денот на полицијата. Во своето обраќање тој истакна:

Дозволете ми на самиот почеток на припадниците на службите на Министерството за внатрешни работи – полициски службеници, началници и командири, посебните единици во Министерството за внатрешни работи, но и на сите граѓани на Република Македонија да им го честитам Денот на македонската полиција!

Денешниот ден е многу важен за нашата земја од неколку причини.

После сите премрежја и предизвици со кои се соочија службите во Министерството за внатрешни работи, денеска можам слободно да кажам дека успеавме да ја вратиме основната функција на оваа служба – да биде најцврстиот столб кој ја гарантира државноста, Јадро на сигурноста и безбедноста на Република Македонија и во исто време, ПОЛИЦИЈА – ПРИЈАТЕЛ И ЗАШТИТНИК НА ГРАЃАНИТЕ.

Заштитата на граѓаните извира од работата на Министерството за внатрешни работи.

Тоа е голема обврска, но и огромна чест што им е доверена на полициските службеници.

Да се биде заштитник и пријател на граѓаните во слободна Република Македонија е идеал што денеска го живееме, а за кој сонувале и се бореле многу генерации во историјата на Република Македонија.

Имаме обврска тој идеал да го негуваме и унапредуваме.

Заедно со граѓаните, ја вративме земјата на вистинскиот пат и новата зададена цел е полициските и безбедносните служби да ги достигнат западно – европските професионални стандарди.

Резултати веќе стигаат, а ќе стигнат уште повеќе и уште побрзо доколку сите општествени чинители, политичките сили и граѓаните гледаме напред кон иднината и преземеме обврска дека заедно ќе соработуваме во спроведување на законските решенија кои се дел од големата реформа на институциите и службите во нашата земја.

Многу е важно Македонија да ги професионализира и деполитизира службите и да изградиме систем кој ќе ги осигура основните функции на полицијата независно од промената на политичките раководства на власт. Полицијата и Министерството за внатрешни работи никогаш повеќе не смеат да бидат злоупотребени во политички цели заради одржување на поединци на власт.

Граѓаните на Република Македонија никогаш повеќе нема да се плашат од оние коишто се повикани први да бидат во нивна заштита!

Човековите права и слободи никогаш повеќе не смеат да бидат прекршени од оние што треба да ги гарантираат и да ги чуваат!

Затоа денеска на овој голем ден кој го одбележуваме како Ден на македонската полиција, повикувам на обврска, дека секој ќе си ги преземе своите задачи и одговорности.

Денеска сакам посебно да им се обратам на полициските службеници.

Ве повикувам да продолжите да ја обавувате вашата одговорна работа согласно Законите и Уставот на Република Македонија.

Вие сте првоповиканите, првите кои сте изложени на ризик кога треба да се брани државата и безбедноста на граѓаните. И да знаете, вашата одговорност е препознаена и признаена, тоа граѓаните го ценат и почитуваат! Вашите заслуги имаат одлучувачка улога за сегашноста и иднината на многу генерации.

Од името на граѓаните на Република Македонија и од мое лично име сакам да ви го честитам денот и да ви изразам голема благодарност за вашата посветеност и пожртвуваност при вршењето на вашите должности и работни обврски!

Оваа прилика сакам да ја искористам и да им упатам неколку пораки на граѓаните на Република Македонија.

Почитувани граѓани,

Продолжете да соработувате со полицијата и нејзините службеници, уште посилно, затоа што тие се вашиот најголем пријател и заштитник на вашиот дом, на вашите деца, на вашето семејство.

Со сите капацитети и можности продолжуваме да работиме и да ја враќаме довербата на граѓаните во институциите. Институциите се ваш сервис и мора да работат во ваша служба.

Потребна е и вашата вклученост за постигнување на целите. Граѓанското учество, одговорноста и посветеноста се клучни, суштински.

Ве повикувам да ги почитувате законските одредби, да бидете внимателни и претпазливи учесници во сообраќајот, да пријавувате незаконски дејствија, да се борите да се почитуваат законите бидејќи тоа е начинот како да ја исполните вашата обврска да бидете одговорни граѓани на Република Македонија.

Почитувајќи ги законите ја почитуваме нашата држава.

На самиот крај, уште еднаш упатувам искрени честитки до сите полициски службеници и до сите граѓани на Република Македонија – Нека ни е честит Денот на македонската полиција и заедно да ја унапредуваме службата во сервис и заштитник – пријател на граѓаните!

1

 

 

2

 

4

5

6

7

8

актуелно Зоран Заев македонија мвр полиција
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.