Нути една манипулација, изјава извадена од контекст, местенка и лага не може да го спаси СДС од огромниот пораз кој ги очекува. СДС знаат дека ќе иззгубат убедливо како во општина Кисела Вода, така и во другите општини низ Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„СДС свесни дека на претстојните локални избори ќе доживеат огромен дебакл се обидуваат со изјави извадени од контекст да ја замајуваат јавноста.
„Видеото кое СДС го шири низ интернет просторот за Јохан Тарчуловски е целосно извадено од контекст.
„Граѓаните имаат јасен избор, од едната страна го имаат ВМРО-ДПМНЕ кое има програма со проекти и мерки поризлезени од реалните потреби на граѓаните, за кои граѓаните знаат дека ќе бидат реализирани и остварени, за што гаранција е нашата досегашна работа. Од друга страна граѓаните го имаат СДС, кои 4 месеци со прст немаат мрднато за граѓаните и државата.







