Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВИДЕО | Д-р Мехмедовиќ: Последен момент е да постигнеме колективен имунитет оти ќе се вратиме во ситуацијата од јануари 2020
Градови

ВИДЕО | Д-р Мехмедовиќ: Последен момент е да постигнеме колективен имунитет оти ќе се вратиме во ситуацијата од јануари 2020

февруари 2, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од вчера портпарол на Комисијата за заразни болести е д-р Злате Мехмедовиќ. Тој вели дека неговата позиција, исто како и членувањето на другите експерти, е неплатена и дека е потребна за информирање на популацијата која е склона да се приклонува кон непроверени информации и теории на заговор.

-Тие дезинформации на социјалните мрежи направија сериозна штета и резултатот од тоа го гледаме денес, вели д-р Мехмедовиќ за Утрински брифинг.

Познато е дека д-р Мехмедовиќ цврсто се залага за вакцинација, па дури и за некои професии за задолжителна вакцинација. Тој вели дека неговото членување во Комисијата не било условено со неговите ставови, а дека во Комисијата ќе се спротивстават различни ставови.

-Мојот став за вакцинацијата, за училиштата, за тоа како треба да се следи пандемијата произлегува од искуствата на другите земји каде што прво поминуваа брановите на вирусот, вели д-р Мехмедовиќ.

Во Велика Британија има околу 70 илјади вработени во здравствениот сектор кои одбиваат да се вакцинираат од различни причини. Мехмедовиќ вели дека кај нас не е познат бројот на невакцинирани здравствени работници. Но, додава тој, во Англија е специфична ситуацијата затоа што таму има висок степен на вакцинираност и на отпорност оти и голем дел од популацијата ја има прележано болеста.

 

-Треба да го знаете имунитетот на популацијата за да носите мерки. Во Австрија, на пример, се брза да се постигне колективен имунитет, а таму е задолжителна вакцинацијата за сите. Во текот на овие две години вирусот се измени, а вакцината е создадена врз основа на првиот сој. Ако сега не постигнеме колективен имунитет, ќе го стиснеме копчето за ресет и ќе се вратиме во јануари 2020 година, вели Мехмедовиќ.

Во врска со типот на вакцина, официјалната политика на државата е третата вакцина да биде Фајзер, вели д-р Мехмедовиќ.

 

Вчера од ковид-19 имавме 22 починати и дополнително 12 починати од „Мој термин“.

-Се работи за регистер на починати на Министерството за здравство, кој не се води во реално време, туку се води по пријави од матичните лекари. Станува збор за бавна администрација и ништо повеќе од тоа. Сѐ може да се сокрие, но не може да се сокрие кога некој ќе почине, вели д-р Мехмедовиќ.

На прашањето зошто во Македонија има загрижувачки бројки на починати д-р Мехмедовиќ вели дека ќе бидат преразгледани сите бројки.

-Да, точно е дека имаше манипулација со бројките, но за ова ќе  се разговара на Комисијата за заразни болести. Факт е дека нашата земја е на шесто или седмо место во светот по број на починати, вели д-р Мехедовиќ.

Носењето на протоколи е работа на Министерството за здравство, а не на Лекарската комора, но дијалог меѓу институциите мора да има. Ние ќе ги видиме досегашните упатства и начинот на кој се дисперзирани кај лекарите, вели Мехмедовиќ. Упатство за практикување на медицина базирана врз докази е она што популарно се нарекува „протоколи“ и тоа треба да се применува.

-Во моментов притисокот врз болниците е голем и сериозен, но засега ситуацијата се држи под контрола. Засега треба да се користат постојните болнички капацитети, а се надевам дека нема да дојдеме во ситуација да мораме да ги искористиме сите капацитети, вклучително и модуларните болници кои мора да бидат безбедни и да имаат доволен број персонал во ситуација кога имаме голем број заразени медицински работници, вели д-р Злате Мехмедовиќ за Утрински брифинг.

Проследете го целиот разговор во видеото

 

актуелно колективен имунитет мехмедовиќ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.