Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска ја потресе Кина. Потресот е евидентиран во 1.45 часот по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил забележан во северната провинција Кингхаи на длабочина од 10 километри, пишува Ројтерс.
https://youtu.be/8DQ0vb6SLsY
Жителите на главниот град на провинцијата Ксининг изјавија дека почувствувале силен потрес.
Првично беше објавено дека се работи за земјотрес со јачина од 6,9 степени.







