Сајтот Викиликс (WikiLeaks) објави повеќе од 20.000 мејлови на францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти денеска таа организација.
Викиликс наведува дека автентичноста на украдените мејлови е проверена пред тие да бидат објавени.
Партијата на Макрон, Република во движење, го обвини Викиликс за операцијата „дестабилизација“ која е покрената во мај, додавајќи дека за тоа веќе ги информирале обвинителите.
За сега не е познато кој е виновен за кражбата на мејловите.
Протечените мејлови објавени се речиси три месеци откако неговата кампања беше цел на хакерски напад непосредно пред претседателските избори.
Од Викиликс наведуваат дека постојат уште околу 50.000 мејлови.
Француската агенција за сајбер безбедност (ANSSI) соопшти во јуни дека не се најдени докази за нечија конкретна одговорност коха е во прашање обидот за хакерски напад на мејловите во кампањата на Макрон.









