Уставниот суд на денешната седница одлучи да не поведе постапка за изборите и мандатот на градоначалниците.
Подносители на иницијативите се Светскиот македонски конгрес и Министеството за локална самоуправа. Тие ги оспоруваа членот 35 став од Законот за локална самоуправа и членот 16 став 1 од изборниот законик, кој се однесува на рокот на одржување на изборите, а тоа е првата половина на мај.
Уставниот суд е на став дека не може да креира нова правна ситуација, кога тоа не го направил законодавецот. Судот ја цени содрината на одредбите, а не тоа што го нема и покрај тоа што е неспорно дека постои правна празнина, и не се знае што ќе се случува по 15 мај, доколку не се измени Изборниот законик. Одложувањето може да го направи само Собранието.
Судија известител беше Елена Гошева која предложи да не се поведе постапка по двете иницијативи.
Мандатот на градонацалиците и советниците истекува на 15 мај.
Вчера ЗЕЛС апелираше да се најде решение, бидејќи по 15 мај ќе се блокираат општините, а граѓаните нема да можат да ги остваруваат своите права.







