Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Истраги против Трамп најавија демократите

ноември 4, 2026

„Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка

ноември 4, 2026

Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок

ноември 4, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Истраги против Трамп најавија демократите
  • „Форбс Србија“: Народната банка на Србија можела порано да реагира и да спречи изнесување пари од Алта банка
  • Европската комисија денеска го објавува Пакетот за проширување: Црна Гора лидер, Србија, БиХ и Косово без напредок
  • УХМР со метео предупредување: Невреме со обилни врнежи ја зафаќа Македонија
  • Во Германија хакерски напади на трговски синџири врз ладилници на трговски синџири
  • ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“
  • СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?
  • Само 25 проценти од Американците веруваат во предизборните анкети
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Владата гарантира: Нула толеранција за секое загрозување на слободата на говорот и изразувањето
Македонија

Владата гарантира: Нула толеранција за секое загрозување на слободата на говорот и изразувањето

мај 30, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министрите во Владата на Република Македонија Оливер Спасовски, за внатрешни работи, и Роберт Поповски, задолжен за комуникации отчетност и транспарентност, на прес-конференција презентираа податоци за преземените мерки од Министерството за внатрешни работи во врска со регистрираните напади на новинарите во период од 2013 година до до денес.

На прес-конференцијата министерот Спасовски информираше дека во периодот од 2013 година до јуни 2017 година, до МВР се поднесени вкупно 47 пријави од граѓани или медиуми, поврзани со физички напад на новинари, загрозување на сигурноста во вид на закани или говор на омраза.

„МВР има поднесено кривични пријави против пет сторители за пет кривични дела од кои три за кривично дело насилство, и по една за кривичните дела затајување и изнуда. За пет од пријавените случаи се поднесени барања за поведување на кривична постапка, а шест од пријавите се кривични дела, кои се гонат по приватна тужба. Два од вкупните 47 случаи немаат елементи на прекршок, а за два случаи е изречена мерка предупредување, за што се известени Основните јавни обвинителства. Петнаесет од вкупните 47 случаи сè уште не се расчистени”, информираше министерот Спасовски.

Наспроти ова, како што рече тој, во периодот од јуни 2017 до денес, регистрирани се 12 случаи од кои само еден не е расчистен, но, според министерот Спасовски и тој многу скоро ќе биде расчистен. Тој, на прес-конференцијата, потврдувајќи ги заложбите на МВР за непречено извршување на новинарските задачи на новинарите и медиумските работници, потенцираше дека кон крајот на минатата година, Министерството и Здружението на новинарите на Република Македонија (ЗНМ ) потпишале Меморандум за соработка за креирање на протокол за известување за настани од висок ризик, како и постојана комуникација помеѓу МВР и ЗНМ.

Министерот без ресор, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски, истакна дека не постои оправдување за никакви притисоци, закани, уцени врз новинарите и медиумските работници, за било каков обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето. „Ставот на оваа влада е еден и единствен, и неколку пати афирмиран: Нула толеранција за било каков обид за загрозување на слободата на говорот и изразувањето”, нагласи Поповски, и додаде дека информациите презентирани на прес-конференцијата, се конкретен доказ дека Владата не заборавила на ветената правда за новинарите.

„Секој напад врз медиумските претставници, физички или вербален, ќе биде најостро осуден и санкциониран. Тоа е нашиот придонес и заложба за враќањето на достоинството на новинарската професија, и за создавање услови за професионално извршување на задачите” , рече министерот Поповски.

Во своето обраќање пред претставниците на медиумите, и македонската јавност, тој апелираше, покрај сите заложби на Владата во врска со обезбедувањето на демократските услови за почитување на слободите, и другите институции во државата, обвинителството и судовите, како и организациите од граѓанскиот сектор, да постапуваат максимално професионално и да алармираат за секој напад или закана против медиумските работници, се наведува во соопштението од Владата на Република Македонија.

 

 

Извор: МКД

Влада на РМ ЗНМ мвр меморандум министер рсор
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: „СДС и Филипче молчеа кога пропаѓаше Еуростандард банка a денес глумат загрижени за Алта банка“

ноември 3, 2026

СДСМ: Славески вели „сè е во ред“ со Алта банка а граѓаните не можат да дојдат до своите пари, зошто крие колку Вучиќ префрлил во Македонија?

ноември 3, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ

октомври 29, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.