Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Владата го усвои Предлог-законот за амнестија
Македонија

Владата го усвои Предлог-законот за амнестија

септември 21, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Со законот за амнестија што Владата го усвои на вчерашната седница, осудените лица на кои им е изречена казна затвор до шест месеци, потполно ќе бидат ослободени од издржувањето на казната. Сите други осудени лица за кои се предлага амнестија, се ослободуваат од издржување на 30 проценти од целокупната казна изречена со правосилна пресуда.

Министерот за правда Биљен Саљији на седницата објаснил дека со предложениот текст на закон не се предвидува амнестија за лица правосилно осудени на  казна доживотен затвор, како и за сторители на кривично дело убиство извршено на свиреп или подмолен начин, убиство при вршење на семејно насилство, убиства со умисла при што е доведен во опасност животот на уште некое лице, убиства од користољубие, заради извршување или прикривање на друго кривично дело, од безобѕирна одмазда или од други ниски побуди.

Не се предвидува амнестија и за убиства по порачка, убиства на женско лице за кое знае дека е бремено или малолетно лице и убиства на судија, јавен обвинител или адвокат, при вршењето на неговата функција, односно дејност или службено или воено лице при вршењето на работите на јавната или државната безбедност или на должноста чување на јавниот ред, фаќање на сторител на кривично дело или чување на лице лишено од слобода.

Овој член од Кривичнот законик, како што појаснил Саљији, се однесува и на лица осудени на затворска од најмалку десет години или со доживотен затвор за убиства со умисла на две или повеќе лица, за кои претходно не му било судено.

Амнестија не е предвидена ниту за сторителите на кривични дела против избори и гласање од Кривичниот законик, за кривични дела против половата слобода и половиот морал, за кривични дела против државата, за кривични дела злосторничко здружување, како и за кривичните дела против човечноста и меѓународното право од Кривичниот законик на Република Македонија.

Според предложениот закон, ослободувањето од извршување на казна, односно амнестијата, ќе ги опфати лицата осудени со правосилна пресуда на казна затвор за кривични дела пропишани со Кривичниот законик или други закони, кои до денот на влегувањето во сила на овој закон се на издржување на казната затвор, вклучувајки ги и лицата кои на денот на влегувањето во сила на овој закон започнале со издржување на казната затвор во казнено-поправните установи во Република Македонија.

Како што информираат од Влада на РМ со овој предлог, амнестијата ќе ги опфати осудените лица кои на денот на влегувањето во сила на овој закон не започнале со издржување на казната затвор, а имаат конечна и правосилна судска одлука за упатување на издржување на затворска казна во казнено-поправните установи.

Предлог текстот на законот, појаснуваат од Владата, предвидува целосно да бидат ослободени од издржување на казната затвор и лицата осудени за дела кои на денот на влегувањето во сила на овој закон повеќе не претставуваат кривични дела. 

актуелно амнестија Влада на РМ македонија судија јавен обвинител
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.