Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Владата донесе одлуки за обесштетување на земјоделците
Македонија

Владата донесе одлуки за обесштетување на земјоделците

јули 19, 2017Updated:јули 19, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Владата на Република Македонија ја разгледа и усвои Информацијата за потпишување Меморандум за разбирање помеѓу Министерството за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија, за соработка во областа на земјоделството и руралниот развој, за што висока владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев за неколку дена ќе биде во официјална работна посета на Сараево.

Меморандумот олеснува Македонија и Босна и Херцеговина поедноставно да соработуваат околу  можностите за унапредување на трговијата со земјоделски и прехранбени производи, што е важно за двете земји, како и во однос на евро-интеграциските процеси во оваа област, преку размена на искуства и техничка помош, размена на искуства во областа на управувањето со шумите, управувањето со водите и наводнувањето, оформување земјиште во државна сопственост за јавни потреби, активирање некористено и неатрактивно земјиште во државна сопственост.

Владата го усвои Третиот Акционен план за енергетска ефикасност, што Република Македонија се обврзала пред ЕУ дека ќе го донесе до 30 јуни 2016 година, но досега не е направено. Овој Акциски план, според проценките и очекувањата, ќе донесе заштеди на целокупната крајна потрошувачка на електрична енергија во Македонија за 2018 година.

На денешната седница, Владата го разгледа и усвои Предлогот за поведување постапка за водење преговори за склучување Договор за статус меѓу Владата на Република Македонија и Европската Унија, како и Нацрт текстот на Договорот, за акции спроведени од страна на Агенцијата за европска гранична и крајбрежна стража во Република Македонија, како основа за водење на преговори. Овој Договор, како што е објаснето, олеснува пограничната агенција на ЕУ, ФРОНТЕКС, да учествува во заштитата на јужната граница и се однесува на начинот на којшто ќе делува стражата на границата.

Владата на Република Македонија го разгледа и усвои Извештајот за извршени преговори меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово за реципрочно признавање на возачки дозволи и го прифати усогласениот текст на Договорот меѓу државите за реципрочно признавање на возачки дозволи.

Констатирано е со ова дека значително ќе се подобри безбедноста на патниот сообраќај. Исто така и дека со тоа ќе им се олесни движењето на граѓаните.

На седницата е укажано дека има барања и од други земји за воведуваење на вакво реципрочно признавање на возачки дозволи, како на пример со Германија, што Владата во престојниот период ќе го земе предвид.

Владата ја разгледа и усвои  Информацијата за тековни и идни активности што треба да бидат преземени за отворањето на нов граничен премин наменет за меѓународен сообраќај меѓу Република Македонија и Република Косово, “Белановце-Станчиќ”.

До крајот на јули 2017 година треба да биде изработен архитектонско-урбанистички проект за објектот што треба да биде изграден на овој граничен премин.

Владата на Република Македонија позитивно одговори на барањето на Општина Кавадарци и донесе одлука за отстапување државно земјиште на општината за изградба на затворен пазар со што ќе се реши децениски проблем на локалната заедница и граѓаните на Кавадарци.

Владата ја разгледа инфрмацијата за Актуелна состојба со депонијата во Струга. Констатирано е дека проблемот се појавува поради несоодветен третман на отпадот, поради што е потребно спроведување соодветно долгорочно решение. За ова веќе има првични предлози од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.

По насока на премиерот Заев заклучено е да се побара надзор на критичниот терен, од страна на општина Струга, за да не дојде до повторна ескалација на проблемот, а доколку има потреба, заклучено е дека ќе помогне и Владата. Владата констатираше дека е потребно системско решение за сите депонии на територијата на Република Македонија.

Владата ја разгледа и усвои Информација за штетите од невремето на 15 јули во Струмичко-радовишкиот регион, врз земјоделски култури. Задолжено е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство да формира комисии што ќе извршат увид за утврдување на настанатите штети, по поднесени барања во периодот од 18.07.2017 до 30.07.2017 година, до подрачните единици при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Владата на Република Македонија денеска донесе повеќе заклучоци во врска со одбележувањето и прославата на државниот празник – 2 август, Ден на Републиката.

 

 

актуелно Влада на РМ ЕЅ македонија ФРОНТЕКС
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.