Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Европската зелена партија ја поддржува македонската влада
Македонија

Европската зелена партија ја поддржува македонската влада

август 22, 2017Updated:август 22, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, денеска се сретна со делегација од Европската зелена партија, предводена од Рајнхард Бутикофер, пратеник во Европскиот Парламент и ко-претседател, придружувани од претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска.

Промените во Република Македонија се видливи и разбудија надеж кај граѓаните и кај ЕУ дека е можен демократски и евро-атлантски развој и подобар живот во државата, е оценката што ја пренесоа претставниците на Европската зелена партија, кои изразија силна поддршка на реформските процеси што ги започна новата Влада.

„Владата работи сериозно на реформската агенда, утврдена со рокови во Планот 3-6-9, што треба да придонесе во квалитетот на живот на граѓаните и ги отвора евро-атлантските перспективи.

Свесни сме дека стратешка цел за Македонија се ЕУ и НАТО и Владата е силно фокусирана да бидат направен исчекори и кон НАТО и кон ЕУ интеграциите“, рече премиерот Заев.

Голем дел од состанокот беше посветен на мерките за заштита на животната средина во Република Македонија и за надминување на постоечките проблеми, како што се големото загадување на воздухот во повеќе градови низ државава, или доделени сомнителни концесии за рудна експлоатација во реони со квалитетно земјоделско земјиште за прехрамбени производи, што треба да подлежат на ревизија.

Здравата живонта средина е меѓу европските приоритети и Европската зелена партија е подготвена да и помогне на Владата со експертизи за надминување на овие состојби во Македонија, пренесе пратеникот и ко-претседател Бутикофер. Претставниците на ЕЗП констатираа дека Република Македонија изобилува со природни богатства што овозможуваат еколошки развој, но отвораат и можности за сериозен развој на туризмот во државата.

„Здравјето на граѓаните е императив за Владата и `се што преземаме е во насока на здрава економија, како и примена на еколошките потенцијали во енергетиката, рече премиерот Заев, кој за пример ги посочи чекорите што ги презема Владата за употреба на природните ресурси сонцето, водата, проектот за гасификација на целата територија на Македонија.

На средбата се разговараше и за политичката ситуација во државата, подготовките за кредибилни и регуларни локални избори во октомври, како и политиките на Владата за развој на добрососедските односи и на регионалните евро-атлантски цели.

актуелно езп ЕУ Заев македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.