Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Власта тврди дека пописот нема да се одложува, опозицијата дека решението е неевропско
Македонија

Власта тврди дека пописот нема да се одложува, опозицијата дека решението е неевропско

јули 30, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Власта најавува дека нема да има одложување на пописот во државата што треба да се одржи догодина, за што законското решение веќе е во собраниска процедура.

Пописот, како што рече премиерот Зоран Заев мора се одржи в годиина, а ќе се
спроведе по стандарди на ЕВРОСТАТ.

Опозицијата, пак, не го прифаќа предложеното решение за пописот, со оценка дека тоа е штетно и неевропско, и не ги исполнува критериумите на ОН за спроведување
попис на население.

По ваквите спротивставени ставови, беше прекинатапредлог-законот, заради дополнителни консултации, а беа најавени разговори за усогласување на ставовите на власта и опозицијата.

„Дефинитивно не прифаќам одложување на пописот за во 2021 година“, рече премиерот Зоран Заев за најавените средби со опозицијата неделава на кои ќе се разговара за Законот за попис.

Тој нагласи дека и кај нас ќе се применуваат, како и секаде во светот, стандардите на ЕВРОСТАТ.

„Домаќинство кое влегува во попис е секое што живее тука или се отселило од државта не подолго од една година. Секој што повеќе од една година е надвор од државата се попишува, но не влегува во домаќинства, а ќе биде попишан како дијаспора, како семејство или граѓанин кој живее надвор од државата“, појасни  Заев.

Додаде дека во последните две години ги добиваат податоците од МВР и се знае во секој момент кој граѓанин е повеќе од две години надвор од државата.

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев на седницата на комисијата побара Предлог-законот за попис да се повлече.

Предлогот го оцени како како штетен и неевропски, кој не ги исполнува критериумите на ОН за спроведување попис на население.

„Апсолутно е приоритет да имаме попис во Република Македонија според критериумите на Евростат, на ЕУ и ОН. Овој вака предложен закон од власта на Зоран Заев и неговиот Завод за статистика во кој немаме никаква доверба апсолутно не е на таа линија. Законот треба да се повлече и да се види што и како понатаму затоа што граѓаните се масовно незадоволни од Предлог-законот за попис“, рече Ѓорчев.

Иако предлогот не беше повлечен од дневен ред на собраниската Комисија за европски прашања, претседателот Артан Груби ја прекина работата по оваа точка заради потреба од дополнителни усогласувања помеѓу политичките партии во врска со овој Предлог-закон.

„Ова е веќе втор обид како се обидувам Законот за попис во 2020 година да го ставам на седница на Комисијата за европски прашања, но и двата пати по бараање на двете најголеми парламентарни партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, се одложува дебата за овој закон поради потреба од дополнителни консултации и доближување на ставовите по Предлог текстот на законот. Затоа денеска ја отворивме седницата, го утврдивме дневниот ред со таа точка и ја прекинав седницата за да дозволам простор за усогласување помеѓу политичките партии врз основа на Предлог текстот“, изјави Груби.

Вели дека ДУИ во врска со овој текст нема никаков проблем, ниту тој како претседател на Комисијата за европски прашања.

„Сметаме дека овој Предлог-закон е прифатлив и затоа му дадовме поддршка во Владата и ќе го поддржиме во Собранието. Ќе видиме на кои ставови ќе се усогласат СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ па потоа ќе ги дадеме нашите ставови врз основа на нивните забелешки. Јас немам видено никакви забелешки од страна ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, и сметам дека коалициски останува на овој Предлог-тескт кој исто така е прифатлив и за ЕУ“, рече Груби.

Тој истакна дека ДУИ е отворена за дебата и се надева дека законот ќе биде усвоен навреме за да може да се реализира пописот во април 2020 година.

актуелно Власта одложување попис
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.