Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВМРО-ДПМНЕ бара мерни станици за загадувањето, СДСМ вели дека е намален бројот на загадени денови
Скопје

ВМРО-ДПМНЕ бара мерни станици за загадувањето, СДСМ вели дека е намален бројот на загадени денови

декември 3, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ бараат Владата со средства од Буџетот да обезбеди три дополнителни статични и четири мобилни станици за мерење на загадувањето на воздухот.

Оттаму обвинуваат дека градоначалникот на Скопје Шилегов и Министерот за животна средина Макрадули, наместо итно да преземат мерки, ги омаловажуваат и замолкнуваат невладините активисти и граѓаните.

„Република Македонија и Скопје секојдневно се на врвот во друштво на најзагадените држави и градови во Светот, а власта нема спроведено  ништо за да го  намали загадувањето и да ги спречи последиците по здравјето на граѓаните поради загадениот воздух, се вели во соопштението, во кое потсетуваат дека СДСМ, додека беа опозиција ветуваа итни мерки за почист воздух и дека веднаш кога ќе дојдат на власт ќе го решат проблемот со загадувањето, но веќе речиси две години немаат реализирано ниту еден проект за подобрување на воздухот.

Од СДСМ одговараат дека институциите продолжуваат да го решаваат проблемот со загадениот воздух и дека првите подобрувања се видливи и охрабрувачки.

-Како што јавно обелодени Министерството за животна средина и просторно планирање, во 2018 година постои намалување на бројот на деновите со надмината дозволена загаденост од 50 микрограми, споредено со 2016 и 2017 година, се вели во соопштението.

Според просекот од сите мерни станици во Македонија, во периодот од први јануари до 30 ноември 2018 година, регистрирани се 88 загадени денови, што е благо намалување во однос на 2016 и 2017 кога бројот на загадени денови бил 99.

Поединечно по мерни станици, значителен напредок има во Тетово, каде што во 2016 година имало 273 загадени денови, во 2017 115, а во оваа 2018 година бројот на загадени денови изнесува 105 денови.

Во Битола, на првата мерна станица, минатата година имало 105 загадени денови, а годинава 65.

Намалување на деновите на загадување има и во другите населени места, како Карпош, Центар и др.

Ова се охрабрувачки резултати што мотивираат, се вели во соопштението и се додава дека постојано се преземаат мерки за справување со загадениот воздух за две години да биде намалено за 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во цела Македонија.

вмро-дпмне загаденост македонија сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

СДСМ бара оставка од Тошковски по случајот со Михаилова

октомври 14, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.