Срамен е односот на власта кон најгорливиот проблем на граѓаните, загадувањето на воздуухот. Срамен е фактот што власта го игнорира енормното загадување, проблем кој годишно зема илјадници животи. Македонија е убедливо земјата со најзагаден воздух во Европа. Извештајот на Светската здравствена организација посочи дека во Македонија повеќе од илјада граѓани годишно се директна жртва на енормното аерозагадување.
Речиси две години власта како на централно така и на локално ниво го игнорира овој проблем. Власта нема решение, иако претходно лажеше дека има детален план како да го реши проблемот со аерозагадувањето. Нивото на загадување на воздухот е повисоко од кога и да е.
Власта треба да обезбеди целосна бесплатна заштита на сите граѓани каде е констатирано дека причината е загадувањето, со особено внимание на децата и хронично болните. Загаденоста е алармантна повеќе од 6 месеци во годината, сметаме дека финансиите кои граѓаните ги издвојуваат за лекување се голем товар за нивните семејни буџети во ситуација кога трошоците за се друго во државава стануваат поголеми.







