„Изборот на Државната изборна комисија не смее да биде ставен во пакет со никакви амнестии и услови за технички, пржински и какви било влади бидејќи ни се потребни институции кои ќе можат да функционираат особено во најава на претстојниот референдум. Секое доцнење може да значи и недоволна подготвеност на новоизбраните членови на ДИК да ги спроведат сите активности кои се потребни“, вели министерката за правда, Рената Дескоска.
Претседателот на Собранието Талат Џафери вчера ги повика партиите да се договорат и да ги достават своите предлози за членови на ДИК. Тој напомена дека за тоа не треба да поставуваат услови туку треба да ги исполнат обврските кои ги имаат преземено.
Комисиска седница за избор на членови на ДИК, наместо Илија Димоски од ВМРО-ДПМНЕ, може да закаже и Џафери, но не е возможно да се постигне каков било резултат, затоа што без гласови од опозицијата ќе нема двотретинско мнозинство.







