Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Бугарија може да отвори стари историски рани
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Договорот со Бугарија може да отвори стари историски рани

јули 26, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ повторно повикуваат на отворена, јавна и итна седница на Собранието на Република Македонија во врска со најавата за потпишување на договорот за доборососедство со соседна Република Бугарија.

Парламентот мора транспарентно и јавно да го добие договорот. Владата може краткорочно да го крие затоа што договорот не е добар за Република Македонија, но порано или подоцна ќе мора да го објави. Се обидуваат да го скријат овој договор, но притисокот од ден на ден е се посилен и тој договор денеска, утре, по пет дена, по десет дена ќе ја види светлината на јавноста.

Кога граѓаните ќе ја видат неговата содржина сами ќе ценат за исправноста или неисправноста на постапките на Владата и на Парламентот.

Договорот може да отвори стари историски рани, може да нанесе болка кај многу семејства чии предци се бореле и биле жртви за автономија, за самобитност и самостојност на Македонија и за културна и историска засебност на македонскиот народ.

Уште повеќе, примената на овој договор без прифаќање на конструктивните забелешки и предлози кои ние ги дадовме и споделивме со господинот Заев, на среден и долг рок, ќе нанесе реални штети врз нашата иднина, иднината на Република Македонија.

Договорот ќе дава јасна и легална основа соседна Бугарија да го стопира чекорењето на Република Македонија кон Европската Унија на секој наш следен чекор, на отворање или затворање на поглавја од евентуалните преговори за членство во Европската Унија.

Тоа Република Бугарија ќе може да го направи во секој момент кога нема да и се допаѓа некој наш историски учебник, кога нема да и се допаѓа некој наш документарен или историски филм, некој наш споменик или некое наше македонско одбележување на жртвите и борците за самобитноста на македонскиот народ и Република Македонија. За жал, поодделни кругови во соседството веќе нескриено и триумфално го најавуваат тоа.

На Македонија и на Бугарија им треба договор за иднината,  а не договор за минатото.

На Македонија и Бугарија им треба договор со кој целиот регион, а секако и посебно  Македонија ден поскоро ќе се интегрира во Европската Унија  и НАТО, а не договор кој ќе биде нова јамка за уцени и блокади во иднина.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи само договор кој на Македонија ќе и овозможи брз влез во Европската Унија и НАТО, а не договор кој ќе биде користен како алатка за одолговлекување.

Нам не ни е потребна втора Времена спогодба, која ќе креира, а нема да решава проблеми.

Цениме дека овој договор на среден и долг рок може да претставува закана за влошување на односите помеѓу двете држави. Што во никој случај не е добро и не го посакуваме. Бугарија е наш сосед и имаме обврска да градиме одлични односи базирани на доверба и почитување. Но, истото треба да биде двострано.

Затоа најважно, повикуваме на итна седница на Собранието на која договорот ќе биде разгледан и Собранието ќе донесе заклучок дали тој договор треба или не треба да биде  потпишан во ваква форма.

СДСМ додека беше опозиција обвинуваше дека Парламентот е погазен и не е почитуван, дека Парламентот бил декор на, како што велеа, режимот. Еве им прилика да побараат одлука и овластување од овој Парламентот, а не само од својата дружина во Владата на Република Македонија.

Добрососедските односи, но и државните и национални интереси на Република Македонија припаѓаат на сите граѓани и на сите нивни избраници во Парламентот, а не само на Социјалдемократскиот сојуз.

Со најавата дека Владата веќе донела одлука да се потпише договорот, паѓаат во вода сите лажни сцени на вклученост на опозицијата и на Парламентот во стратешките и клучни процеси и одлуки за Република Македонија.

Нема инклузивност, нема транспарентност, нема одговорност. Нам ни беше претставен текст кој, според официјална Софија, не можеше да претрпи никакви измени, а спротивно на тоа господинот Заев даде збор дека текстот може да претрпи подобрувања и измени во насока на вклучување на нашите забелешки.

За овој договор единствена одговорност ќе носат Владата и пратениците кои по наредба ќе мораат да гласаат за неговото ратификување.

Повикуваме на разум и на мудрост. Овие чекори на Социјалдемократскиот сојуз стратешки и долгорочно ќе нанесат непоправливи штети за Република Македонија. Бараме договорот да се потпише со забелешките кои нашите пратеници му ги укажаа на господинот Заев, во изјава за медиуми вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

актуелно бугарија вмро-дпмне ЕУ македонија НАТО сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.