Граѓаните осиромашуваат и едвај врзуваат крај со крај во месецот, Република Македонија тоне во корупција, a инвеститорите бегаат во регионот и ја заобиколуваат земјава, смета опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
„Македонија под власт на СДСМ е на дното на Европа по економски раст и корупција. Економијата стагнира кога на целиот континент е во пораст. Цените се качуваат, а стандардот на граѓаните е во пад. Граѓаните живеат полошо од пред една година. Граѓаните на своја кожа ја чувствуваат неспособноста на СДСМ да управува со економијата. Економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев ја урнисаа македонската економија. Нула проценти раст на БДП во 2017 година, a 20 проценти пад на градежништвото“, се вели во соопштението што го испрати ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата додаваат додаваат дека додека економијата тоне, Македонија се обидува да ја дефокусира јавноста со креирани политички случаи.







