Од ВМРО-ДПМНЕ повторно излегоа со соопштение за јавност во кое велат дека, Владата на Заев веќе неколку денови не може да изгаси нормални летни пожари, кои поради нивната неажурност и ненавремена интервенција за локализација на истиот прерасна во вистинска опасност за жителите на Поречието.
Заев и СДС не смеат да дозволат да бидат до волку неодговорни. Народот ги повикува на помош, а тие немаа совест да им помогнат.
Горат куќи, имот, и огромни шумски површини кои создаваат огромно количество на кислород и се неопходни за квалитетен и чист воздух.
Владата на Заев ги игнорира пожарите кои поради високите летни температури се се почести, па така додека владата на СДС се чешла, цела Македонија гори.
Пожари беснеат во Зрновци, Ѓорче Петров, Сарај, Матка, а владата на Заев со прст не мрднува, велат од ДПМНЕ.







