Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВМРО-ДПМНЕ: Заев потпиша капитулација
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Заев потпиша капитулација

јуни 25, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Со само еден потпис владата на СДСМ се откажа од сè што е македонско. Заев се откажа од македонското име, идентитет и јазик за кои се колнеше во своите предци, но и деца дека ќе останат непроменети. Македонската жица на Заев очигледно била направена од свила, ако воопшто некогаш постоела бидејќи тој потпиша досега невидена капитулација на еден народ во светската историја“, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Оттаму предупредуваат дека кога договорот ќе стапи во сила македонските историски учебници ќе ги пишува и рецензира Грција.

„Македонците повеќе нема да учат македонска туку историја одобрена од грчки комисии. Ваквиот капитулантски договор под покровителство на Заев и Димитров атакува на македонското културно наследство, државност и суверенитет, прикажувајќи ја Македонија како целосно нова вештачки измислена творба“, стои во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека сега по волја на, како што го нарекуваат премиерот, Коте Заев, од македонската меморија ќе треба да се избришат Солун, Кукуш, Лерин.

Новиот прекар што опозициската партија го користи за премиерот Зоран Заев се однесува на Константин Христов Саров или Саровски, наречен Коте, познат како Константинос Котас или Котас Христу кој бил деец на Македонската револуционерна организација, кој по засилувањето на грчката вооружена пропаганда застанал на страната на грчката кауза како андартски капетан.

„Солун, Кукуш и Лерин ќе исчезнат од македонските учебници, македонските патокази и од сите документи. Македонија ќе биде обврзана да ги користи грчките топоними, кои насилно биле наметнати. Откажувањето од географските поими значи бришење на дел од културата и историјата на еден народ. Македонија ќе биде единствена која се откажува од своите егзоними. Солун ќе остане Солун и за Србија и за Бугарија, но Македонците ќе мора да го викаат Тесалоники. Кукуш, родниот град на македонскиот великан Гоце Делчев, за учениците од Северна Македонија ќе биде Килкис. Воден – Едеса. Кутлеш – станува Вергина! Костур – Касториа! Сер – Серес!“, објаснуваат од партијата.

Велат дека со овој договор се брише културното наследство на Македонија што е нераскинлив дел од идентитетот.

„Заев очајнички се обидува да ги исполни концесиите на сите страни, па дури и по цена на бришење на сопствениот народ. Македонските национални и државни интереси Коте Заев ги стави на продажба. Коте Заев помогна во остварувањето на вековниот сон на Грција, а тоа е бришењето на македонската нација. Коте Заев се обидува да го скрши македонскиот непокор. Многумина пробале, но не успеале, а нема да успее ниту Зоран Заев“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

вмро-дпмне Грција Договор Зоран Заев солун србија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Наскоро следува продолжен викенд

октомври 15, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.