Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници

октомври 21, 2026

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Германија недостасуваат околу 148.000 квалификувани работници
  • Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите
  • Во недела се враќаме на зимското сметање на времето
  • СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија
  • Протести и штрајкови во Грција
  • Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра
  • УХМР: Подгответе се за пороен дожд, грмежи и силен ветер
  • Цената на нафтата драстично скокна
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВМРО-ДПМНЕ: Македонија масовно му порача на Заев дека е против продажба на националните интереси
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија масовно му порача на Заев дека е против продажба на националните интереси

јуни 4, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение се огласија за политиките на СДСМ.

Граѓаните на Република Македонија излегоа масовно и му порачаа на Зоран Заев и СДСМ дека се против распродажбата на државните и националните интереси.

Граѓаните гордо и исправено се спротивставија на неправдите и понижувањата од страна на власта. Граѓаните покажаа дека повеќе не се плашат на заканите и притисоците на Заев и неговиот картел и порачаа дека време е да се стави крај на лажните ветувања, злоупотребата на институциите и уништувањето на државата.

Граѓаните на Република Македонија упатија порака до власта дека не смее повеќе државата да тоне, еконимијата да стагнира, а институциите да бидат заробени од картелот. Тие кажаа дека не сакаат повеќе да ги води неспособна и безидејна власт која спасот го бара во продажбата на државните интереси.

Откако е СДСМ на власт, граѓаните се повеќе осиромашуваат, а картелот на Зоран Заев се повеќе се богати. За една година повеќекратно го зголемија своето богатство. Го купија струмичкиот гигант „Герас Цунев“, по цена од обична гарсониера, влегоа во милионскиот бизнис со марихуана, а нивните камиони превезуваат руда за потребите на „РЕК Битола“.

Цената на богатењето на Заеви ја плаќаат граѓаните. Нема 500 евра плата, нема 100.000 денари плата за лекарите, нема поврат на 15% ДДВ, нема социјална помош од 12.000 денари, бесплатно болничко лекување, и нема 600 километри нов автопат и 550 километри магистрални патишта. Граѓаните се уверија дека се што вети СДСМ е голема лага.

Единствено покачување кое го спореведе оваа власт, а не го вети пред граѓаните е зголемување на акцизата на дизелот и затоа количината на дизел која граѓаните можеле да ја купат со една просечна плата пред една година е за 120 литри помала денес.

Една година се на власт, а не успеаја да реализираат ниту една капитална инвестиција. Успеаја да го зголемат јавниот долг кој ја надмина психолошката граница од надмина 5 милијарди евра. Граѓаните секојдневно се сведоци на задолжувањата од страна на власта, но останаа без одговор каде завршуваат нивните пари и колку ќе треба да враќаат идните генерации.

Граѓаните и Република Македонија заслужуваат просперитетна иднина, квалитетен живот и сигурна и безбедна иднина за нив и за нивните деца.

Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ бара предвремени избори заедно со претседателските, техничка влада 100 дена пред избори и претседател на ДИК по предлог на опозицијата. Само така ќе се креираат еднакви услови за фер избори.

Државата повеќе не смее да биде заложник на Заев и СДСМ. Граѓаните заеднички, сложно и обединето ќе го победат овој криминален картел на власт и ќе триумфираат над неправдата, над темнината, понижувањата и ќе стават крај на ова неславно владеење. Република Македонија заслужува подобро, граѓаните заслужуваат подобро.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

актуелно вмро-дпмне македонија граѓани рек битола
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Италија се преземаат построги мерки против учесниците во немирите

октомври 21, 2026

Во недела се враќаме на зимското сметање на времето

октомври 21, 2026

СДСМ: Минималната плата не стигнува ниту за храна, 33 отсто од работниците живеат во сиромаштија

октомври 21, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.