Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп

ноември 11, 2026

Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија

ноември 11, 2026

Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет

ноември 11, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Семејството на Кенеди започна судска постапка против изградба на огромен триумфален споменик во Вашингтон, од страна на Трамп
  • Маѓар: Новата српска влада може да смета на Унгарија
  • Себастијан Курц: За десет години ќе живееме во сосема поинаков свет
  • УХМР: Од сабота доаѓа заладување во Македонија – најавени дождови, магла и пад на температурите
  • Драстично намалување на цената на горивата
  • Задолжителна зимска опрема од 15 ноември, возачите што нема да ја почитуваат обврската ќе плаќаат казни од 45 евра
  • Во Бугарија утрово тешка сообраќајка со повеќе загинати
  • Во САД, повеќе од 5.000 случаи на мали сипаници – најголем број во последните 35 години
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на даночната стапка најмногу ќе ги погоди младите, ќе ги осиромаши граѓаните
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Покачувањето на даночната стапка најмногу ќе ги погоди младите, ќе ги осиромаши граѓаните

март 29, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Од прес конференција за медиуми на Лилјана Кузмановска

СДСМ директно удира по џебот на граѓаните. Најавата за воведување на прогресивен данок со покачување на данокот на доход од 10% на 18% е уште една од погубните политики на власта која ќе допринесе за дополнително осиромашување на граѓаните.

Економското цунами Заев-Тевдовски-Анѓушев од почетокот на годината до сега го задолжи секое семејство со нови 1200 евра, без да реализира ниту една инвестиција. Државата се задолжува  милиони, а граѓаните не знаат на што се трошат парите кои сите ние утре треба  да ги враќаме.  Ваквото расипништво на СДСМ според најавите на Тевдовски многу скоро ќе го плаќаат граѓаните со над 1000 евра приходи.

Покачувањето на даночната стапка најмногу ќе ги погоди младите професионалци од секторите како ИТ технологиите, здравствената заштита и слично, кои веднаш би ја напуштиле Република Македонија и би ја преместиле својата дејност во држави со поповолна даночна политика.

Зголемувањето на даночната стапка значително ќе влијае на зголемување на невработеноста, ќе ја зголеми даночната евазија, со што голем број на субјекти наместо да ги пријавуваат своите приходи целосно ќе се префрлат во полето на сивата економија.

Власта со овој чекор ја влошува бизнис климата на државата. Претстои опасност Република Македонија од држава со најниски даноци да стане држава со големи даноци и неповолни услови за водење на бизнис.

Рамниот данок е воведен од страна на ВМРО-ДПМНЕ во 2007 година, чин, кој заедно со другите успешни економски мерки придонесе за  намалување невработеноста од 38%, наследени од транзицијата на СДСМ, да се намали до 22%. Тоа дополнително придонесе за намалување на даночната евазија и зголемување на фискалната дисциплина, со што се создаде простор за рамноправен пазарен натпревар кај економските субјекти. Повторното покачување на данокот на доход ќе допринесе до зголемување на сивата економија и влошување на бизнис климата.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека рамниот данок со една од најниските стапки на оданочување, се уште е најприкладен за македонската економија.

СДСМ треба да престане да си поигрува со економијата. Државата и економијата не смеат да бидат жртва на неспособноста на оваа власт. Колку побргу оваа власт си замине, толку подобро за државата и граѓаните, велат од поартијата на ВМРО-ДПМНЕ.

бизнис вмро-дпмне граѓани данок економија клима сдсм
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

СДСМ прашува дали постојат 80 милиони евра во Алта банка Битола и во кое својство преговара Мицкоски?

ноември 9, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Филипче шират манипулации за Алта банка

ноември 9, 2026

Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот

ноември 5, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.