По доаѓањето на СДСМ на власт, животот во Македонија како што тие најавуваа не дојде за граѓаните. Животот дојде само за нив, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Благој Бочварски.
Според ВМРО-ДПМНЕ, даноците не се намалија, трошоците за живот не се намалија, туку се намалија платите на граѓаните, а од 1-ви септември ќе се укине и покачувањето на пензиите.
„СДСМ не се грижат за потребите на граѓаните. На нив единствена преокупација е како да си ги задоволат своите алчни апетити, како да ги вдомат партиските послушници по државните институции на грбот на македонските граѓани, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму велат дека гρаѓаните на 15-ти оκтомври на лоκалните избори поради притисоците и манипулациите ќе го κазнат СДСМ и Заев и целосно ќе го делигитимираат.







