Зоран Заев мора да го исполни тоа што го ветуваше. Граѓаните не очекуваат 12,000 денари минимална плата, туку 16. 000 како што ветуваше пред изборите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Граѓаните очекуваат 30. 000 денари просечна плата како што ветуваше за време на предизборната кампања, се вели во реакциајта на ВМРО-ДПМНЕ.
Опозициската партија смета дека антиреформската влада на СДСМ ветува дека ќе дава помош за компаниите за да се зголемат платите, но не објаснува дека истите тие пари ќе дојдат од даноците кои ги плаќаат сите граѓани.
„На тој начин парите собрани од сите граѓани ќе одат како помош за сопствениците на неколку компании. Така владата на СДС ќе ги помогне и збогати бизнисмените блиски до нив, а не работниците во текстилната индустрија. ВМРО-ДПМНЕ кога ја предводеше владата покажа како одговорна влада треба да се грижи за работничките права.
Во тој период се донесе закон за минимална плата која се покачуваше неколку пати, како и низа закони кои значително го подобрија стандардот и животот на работниците.
Го повикуваме СДС наместо со гол популизам и партиски вработувања да се зафати со решавање на реалните проблеми на граѓаните“, се вели во соопштение за јавност од ВМРО-ДПМНЕ.







