Владата на СДС и министерот за некултура Алаѓозовски продолжуваат со деградирањето на културата во Македонија, вели Владимир Атанасов од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиуми.
Именувањето на партискиот поет на СДС, Дарко Лешоски за претседател на Управен Одбор на Струшки вечери на поезија е навреда за овој светски реномиран поетски настан, но и за докажаните поети во Македонија.
Очигледно оваа позиција тој не ја заслужил за долгогодишната поетска работа, туку само заради својот политички придонес во време на платеничката шарена револуција. Лешоски на оваа позиција е поставен експресно откако само пред неколку дена беше вработен во владата во секторот за односи со јавноста. Во соопштението тој понатму вели:
Почитувани,
„Струшките вечери на поезијата е најголемата светска поетска манифестација и сега Заев ја множи со нула именувајќи го Дарко Лешоски за нејзин прв човек.
„Впрочем Споредете го Дарко Лешоски со имиња како Ацо Шопов, па Матеја Матевски, Анте Поповски, Гане Тодоровски, Јован Котески, Петре Бакевски, Симон Дракул и плејада други реномирани автори кои биле на оваа позиција и ќе ви стане јасно каков е односот на новата власт кон културата, културните дејци и културните манифестации во Македонија.
„Очигледно фејсбук поезијата и статусите на Лешоски му се допаднале на Заев па проценил дека тоа е доволно некој да води една светски призната манифестација која во Македонија се одржува од 1966 година.
Срамота!
„Сепак се плашиме дека оваа не е дното кое што СДС и Алаѓозовски може да го допрат.







