СДС со законот за амнестија сака да го легализира криминалот во Македонија, обвинуваат од ВМРО ДПМНЕ.
„Со овој закон СДС сака да ги амнестира лицата кои се обвинети за убиство и тешки дела. Ваквиот чекор е доказ дека СДС и Заев воопшто не водат грижа за безбедноста на граѓаните туку пред се ги ставаат нивните лични и партиски интереси.
„Заев е во паника поради претстојните локални избори, а со законот за амнестија создава криминална коалиција со која ќе се задоволи подземјето“, се вели во соопштението за јавност од партијата.







