Дурловски, Илиевски, Јовановски, Чавков, Дамовски и останатите притворени патриоти не се терористи. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и полициските службеници не се терористи.
Да си ја сакаш сопствената татковина не е тероризам. Да имаш поинакво мислење и гласно да го кажеш тоа не е тероризам, се вели во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.
Притворите за патриотите сe доказ дека Македонија е единствената држава аспирант за ЕУ во која се конструираат политички обвиненија базирани на измислици и политички нарачки. Обвинението за терористичко загрозување на уставниот поредок е апсурдно.
Уметниците, пратениците и полициските службеници претходно не сториле ниту прекршок. Единствено по кое што јавноста ги знае е нивната битка за Македонија која се труделе секаде да ја претстават во најдобро светло, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.







