Американскиот ракетен разурнувач „Лабун“ тргна кон Црното море за да учествува во безбедносните операции на море, соопшти Шестата флота на американската воена морнарица на Твитер.
„Бродот на американската воена морнарица ‘Лабун’ тргна кон Црно море за да учествува во операција за одржување на безбедноста на море. Воената морнарица на САД редовно соработува со нашите НАТО сојузници и партнерите во Црното море“, се наведува во соопштението.
Американскиот разурнувач од типот „Арли Берк“ почна да се користи од 1995 година. Во своето вооружување има бродски противракетен систем „Иџис“ и може да понесе до 56 крстаречки ракети „Томахавк“ опремен со нуклеарни боеви глави.
На бродот се наоѓа и хелихоптер СХ-60 „Си хок“, додека екипажот на бродот го сочинуваат 337 војници.
(Фото: ЕПА)