Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Волстрит падна четврти ден по ред
Берза

Волстрит падна четврти ден по ред

декември 20, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На Волстрит денеска цените на акциите паднаа четврти ден по ред, бидејќи инвеститорите стравуваат дека натамошното зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка ќе предизвика рецесија.

Дау Џонс ослабе 0,49 отсто, и сега е на 32.757 поени, додека СиП500 се „лизна“ за 0,90 отсто, и чини 3.817 поени, а индексот Насдак загуби 1,49 отсто, па сега е на 10.546 поени.

Пазарот е под притисок од минатата среда, кога ФЕД соопшти дека каматите би можеле да се зголемат на повисоко ниво од очекуваното и да останат така подолго од очекуваното.

Според тие проценки, крајната каматна стапка, на која ќе запре циклусот на зголемувања на каматите, би можела да достигне 5,1 отсто, додека претходно се очекуваше 4,6 отсто.

Тоа значи дека ФЕД и во следната година ќе ги зголеми каматите, вкупно за 0,75 процентни поени, во опсег од 5 до 5,25 отсто.

После зголемувањето за 0,50 процентни поени минатата среда, клучните камати се движат во опсег од 4,25 до 4,50 отсто, што е нивно највисоко ниво во последните 15 години.

Последните месеци инфлациските притисоци донекаде се намалија, но минатата недела претседателот на ФЕД, Џером Пауел, порача дека податоците за инфлацијата во октомври и ноември се добредојдени индикации за забавување на темпото за раст на цените, но дека тоа не е доволно.

А, поради зголемувањето на каматите забавува растот на економијата.ФЕД проценува дека бруто домашниот производ (БДП) следната година ќе порасне за 0,5 отсто, како и оваа година, но шефовите на неколку големи американски банки деновиве изјавија дека економијата следната година би можела да западне во рецесија.

„Се поставува прашањето дали економијата лесно ќе се приземји или ќе се нурне во рецесија? Дали ФЕД реагираше соодветно?“, вели Мелиса Браун, директорка во „Аплаид Ресрч“.

Во овој период од годината, обично, цените на акциите растат, бидејќи инвестициските фондови и другите големи инвеститори ги дотеруваат своите портфолија, што е вообичаено за крајот на годината.

Но, аналитичарите велат дека оваа година вообичаениот раст на цените може да отсуствува или ќе биде многу слаб.

„Подемот на Дедо Мраз обично започнува во средината на декември на крилјата на радоста и новогодишниот оптимизам, инвестициските бонуси, нискиот обем на тргување и отсуството на повлекување на капиталот од пазарот. Меѓутоа, во годините кога пазарот е во минус до средината на декември, како што е случајот сега, подемот на Дедо Мраз обично е послаб или помалку сигурен“, објаснува Шејн Оливер, стратег во „АМП Капитал“.

А, на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа.

Лондонски ФТСЕ индекс зајакна за 0,40 отсто, и сега чини 7.361 поен, додека франкфуртскиот ДАХ порасна за 0,36 отсто, на 13.942 поени, а париски ЦАЦ – 0,32 отсто, на 6.473 поени.

 

 

 

 

 

 

(Фото: АБЦ Њус)

актуелно банка берза економија инвеститори камати рецесија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.