Заложничката драма моментално се одвива во синагога во Тексас. Како што јавуваат медиумите, маж кој наводно е муслиман со британски акцент упаднал во синагога за време на верска служба што се пренесувала во живо на Фејсбук и земал заложници. Не се знае колку луѓе има внатре.
Дејли Мејл пишува дека тој бара негов роднина да биде ослободен од затвор.
На преносот во живо кој набрзо по упадот на напаѓачот бил прекинат, можеше да се слушне: „Ќе умрам. Дали ме слушате. Ќе умрам правејќи го ова. Не плачете за мене“.
Според што јавува локалниот „Стар“, човекот повеќе пати, додека преносот уште траел, ги спомнал сестра му и Исламот. Тој, наводно, рекол и дека не сака никој да биде повреден, а ги спомнал и своите деца. Преносот го следеле околу 8.000 луѓе.
Полицијата преку Твитер соопшти дека акцијата е во тек и ги повика жителите да ја избегнуваат областа. Специјалци ја опколија зградата.