Првиот фудбалски натпревар во сирискиот град кој е зафатен со војната одиграна е после пет години на стадион, пред публика
Фудбалот се врати во Алепо. Првиот фудбалски натпревар во сирискиот град одигран е после пет години на стадион, пред публика – на теренот се сретнаа градските ривали Ал Итихад и Хурија (2:1), а трибините беа полни.
„Не можам да опишам какво е чувството да се заигра во Алепо после пет години. Срцето забрзано ми чука“, изјави Омар Хамиди, фудбалер на Ал Итихад, пред натпреварот.