Турција на 16 април ќе одржи референдум за реформи на уставот со кои претседателот би добил поголеми овластувања, изјави шефот на турскиот Висок изборен одбор.
Ако реформата на уставот биде успешна, претседателот би имал овластувања да издава уредби, прогласува вонредна состојба, именува министри и највисоки државни официјални лица и да го распушти парламентот.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган, ако бидат усвоени уставните реформи, би можел да остане на власт до 2029 година.
Тој вчера ја одобри реформата на уставот и порача дека таа ќе овозможи стабилност во овие несигурни времиња.
Противниците на турскиот претседател стравуваат дека овие промени ќе доведат до негово поголемо авторитарно владеење.







