Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ВО БРИТАНИЈА УАПСЕНИ РУСКИ ШПИОНИ: Агентите на ГРУ користеле и хрватски пасоши
СВЕТ

ВО БРИТАНИЈА УАПСЕНИ РУСКИ ШПИОНИ: Агентите на ГРУ користеле и хрватски пасоши

август 17, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Метрополитен полицијата разби руска шпионска мрежа, со агенти кои се маскирале во новинари за да вршат надзор низ Лондон и Европа. Дејствувајќи како, наводно, американски телевизиски новинари, осомничените користеле акредитации на телевизиските канали Дискавери и Нешнл Географик.

Покрај фалсификуваните акредитиви, руските шпиони користеле фалсификувани лични карти, пасоши и возачки дозволи од повеќе земји, вклучувајќи ги Хрватска, Словенија, Грција, Чешка, Бугарија, Франција, Италија, Шпанија и Британија.

Во центарот на истрагата се тројца бугарски државјани: Орлин Русев (45), Бизер Џабазов (41) и Катрин Иванова (31).

Тие се уапсени и обвинети за поседување 19 фалсификувани документи.

Нивните неодамнешни активности опфаќале локации во Британија, Германија и Црна Гора.

Русев, кој, наводно, ја водел операцијата за фалсификување, живеел во пансион во мал град на западниот брег на Англија, во Греат Јармут во Норфолк – веројатно место за центар на руските шпионски операции.

Внатре во собата во хотелот „Хајди“ со три ѕвезди, украсена со цвеќиња, во близина на пристаништето и песочна плажа за одмор, откриена е опрема за изработка на лажни лични карти.

Русев е бугарски експерт за разузнавачки сигнали, што вклучува пресретнување на комуникациите и електронските сигнали.

Еден од неговите мејлови ги вклучувал знаците „007“, како на измислениот агент Џејмс Бонд.

Покрај тоа, на неговиот профил на Линкедин, стои дека тој некогаш бил советник на бугарското Министерство за енергетика.

Русев се преселил во Велика Британија во 2009 година и поминал три години работејќи во сектор за финансиски услуги.

Соседите сведочеле дека три месеци не виделе никој да влегува ниту да излегува од хотелот.

„Хајди“ е во сопственост на бугарската бизнисменка Ирина Параванова (47), за која нема индиции дека е вмешана во шпионскиот ланец.

Моира Скот, менаџер на бар во семејниот хотел спроти „Хајди“, сведочела дека лица од безбедносниот сектор во Бритранија се појавиле таму во февруари со опрема за форензика и комбе со затемнети стакла.

„Имаше многу мажи облечени во црни костуми, со покриени лица, кои доаѓаа и си заминуваа“, рекла таа.

Осомничените Џамбазов и Иванова, десет години престојувале во Британија. Живееле во северозападниот дел на Лондон, во Хароу. Таа се претставувала како асистент во лабораторијата, а тој дека бил болнички возач.

Двојката управувала со платформа на социјалните мрежи која и помогала на заедницата на бугарски иселеници и им го олеснувала нивното учество на бугарските избори.

Иванова објавила видеа на интернет за да ја промовира мрежата, велејќи дека тоа може да им помогне на луѓето да добијат пристап до курсеви за англиски јазик.

Во објавата, двојката, исто така, тврди дека може да им помогне на Бугарите „да ги добијат документите што им се потребни за да живеат и работат“ во Лондон.

Соседите за „Мејл Онлајн“ изјавиле дека навреме си ја плаќале киријата, носеле колачи и не забележале никакво сомнително однесување.

„Ни кажаа само дека се Полјаци, и толку. Никогаш не разговарав со нив“, изјави Сонал Такрар, сопственичка на станот.

Такрар вели дека кога го посетила станот по полицискиот претрес, пронашла многу празни шишиња од виски и џин.

„Знам дека луѓето сакаат да се напијат пијалок, но никогаш не сум видела толку многу шишиња алкохол“, рече таа.

Судењето на тројцата уапсени, осомничени за шпионажа, ќе се одржи во судот Олд Бејли во Лондон, во јануари.

Во Лондон се уапсени и две други лица, 31-годишен маж и 29-годишна жена, но не се обвинети.

Бугарската амбасада во Лондон соопшти дека британските власти не ги информирале за апсењата, објави „Сандеј тајмс“.

Инцидентот се случи откако Британија ја засили својата борба против надворешните безбедносни закани и минатиот месец донесе нов закон за национална безбедност, чија цел е да ги разоткрие и спречи шпионажата и странското мешање.

Владата ја означи Русија како „најголема закана“ за нејзината безбедност.

Безбедносните служби и Метрополитенската полиција дополнително се ставени во повисоко ниво на готовност по инцидентот од 2018 година во кој со „новичок“ во Солсбери беше отруен двојниот агент Сергеј Скрипал.

Полицијата за тој инцидент обвини тројца Руси, за кои се тврди дека се разузнавачи на ГРУ, руската безбедносна служба.

Во годишниот извештај, во ноември минатата година, шефот на британското разузнавање МИ5, Кен Мекалум, рече дека повеќе од 400 осомничени руски шпиони биле протерани од Европа.

Британија го блокирала влезот во земјата на повеќе од 100 осомничени шпиони на Кремљ, кои се пријавиле за влез под плаштот на дипломатски визи.

актуелно британија Европа Кремљ лондон русија шпион
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.