Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во ЕВН пристигнаа 1.385 поплаки за сметките за струја
Економија

Во ЕВН пристигнаа 1.385 поплаки за сметките за струја

февруари 7, 20250
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Високите сметки на електрична енергија во текот на зимата, кога е зголемена потрошувачката во речиси сите домови, им предизвикуваат големи главоболки на граѓаните во Северна Македонија. Многумина од нив се одлучуваат да си ги скратат маките и да си ја пробаат среќата со поплаки до надлежните институции, со надеж дека колку-толку ќе им се коригираат високите сметки за струја. На адресата на ЕВН Хоум за само еден месец се пристигнати 1.385 барања за корекција на фактурите за струја. Оние што не успеале да добијат корекција од ЕВН, тропнале и на вратата на Регулаторната комисија за енергетика, во надеж дека таа ќе ги спаси од големите давачки.

Од ЕВН Хоме во изјава за ДВ велат дека на ниво на државата во јануари годинава имаат добиено 1.385 барања за корекција на фактура, како и 898 барања во декември 2024 година. Споредено со минатите години, од компанијата велат дека се намалува бројот на поплаки, иако сметките за струја, според граѓаните, само се зголемуваат од година во година.

„Минатата година во истиот период (јануари 2024) компанијата има добиено 1.857 барања за корекција на фактура и 923 барања во месец декември 2023 година. Во просек, во декември и јануари и декември има околу 18% помалку барања за корекции на фактури во споредба со декември 2023 година и јануари 2024 година“, велат од ЕВН.

Дел од граѓаните коишто не добиле позитивен одговор од ЕВН за корекција на високите сметки се обратиле и до Регулаторната комисија за енергетика. Од РКЕ за ДВ информираат дека во моментово до нив се пристигнати два приговори, што оценуваат дека е незначителна бројка во однос на претходните години. Лани во февруари имаше бројка од околу 30-тина поплаки, а на почетокот на 2023 година – дури седумдесетина граѓани се жалеле на високите сметки.

Согласно Правилата за постапување на приговори и разрешување на спорови, доколку потрошувачите се незадоволни од снабдувачот (висина на сметка, квалитет на услуга) прво треба да се обратат до ЕВН Хоум, па потоа, доколку бидат одбиени, поднесуваат приговор до РКЕ. Практично, во овој процес Регулаторната комисија за енергетика е второстепен орган.

„За приговорот до РКЕ нема пропишано посебна форма/формулар и кон него треба да приложат копија од вложениот приговор до ЕВН Хоум, одговорот од ЕВН и копија од сметката по која приговараат, по што РКЕ ќе донесе соодветно решение. Против решенијата на РКЕ незадоволната странка може да поведе Управен спор“, објаснуваат од регулаторното тело.

 

Граѓаните да си ги читаат броилата

Со цел да се спречат пропустите во пресметките, кои удираат по џебот на граѓаните, надлежните во повеќе наврати посочуваа дека секој треба да ги контролира и сам да си ги чита броилата. Оваа можност беше воведена од пред неколку години. Состојбата на броилото која што ќе ја отчита граѓанинот е задолжителна за ЕВН да ја имплементира во нивните сметки.

И граѓаните на социјалните мрежи ги советуваат познаниците редовно да ги си проверуваат сметките за струја, бидејќи велат дека воочиле оти во одредени денови струјата им се пресметува по висока тарифа, како за потрошувачи од четвртиот блок. „Биткоини да копав немаше да потрошам 200 киловат часови во еден ден“, коментираат незадоволни граѓани на мрежата Х.

Незадоволство има и меѓу матичните лекари, кои добиле високи сметки за амбулантите и бараат да не се наплаќа индустриска струја за здравството.

Колку е поскапена струјата?

Граѓаните на Северна Македонија, од јануари годинава добиваат во просек повисоки сметки за струја за 0,92 проценти, доколку имаат просечна потрошувачка во прв, втор и трет блок. Во првиот блок беше најавено дека струјата ќе поскапи за 0,68%, за корисниците од вториот блок за 0, 90%, за третиот блок 1,93% и за најголемите потрошувачи на струја од чествртиот блок за 2,24 проценти. Тоа значи дека на едно просечно домаќинство во земјата коешто има сметка од 2.300 денари, трошокот за електрична енергија требаше да му се зголеми за 21 денар.

РКЕ исто така најави дека делот од мрежарината што го плаќаат домаќинствата и 90 проценти од малите потрошувачи се намалува за седум проценти. Претходно мрежарината за домаќинствата изнесуваше 2,3 денари, а сега е 2,14 денари. Процентуалното учество на трошоците за мрежарина е 38 проценти.

Но, од СДСМ велат дека сметките коишто ги добиле граѓаните се повисоки до 30%.

„Граѓаните реагираат дека јануарските сметки за струја им се покачени за 20%, а некаде дури и за 30%. Граѓани од Прилеп, Велес, Куманово, кои доставија сметки до нас платиле неверојатни 8.000 денари за струја во месец јануари или 2.000 денари повеќе од минатиот месец. Тоа се точно 30% повеќе пари, поголеми сметки. На енормно високите цени на струја се жалат и компаниите“, велат од опозициската партија, според која, ова е директна последица на одлуката на Владата на Мицкоски за укинатите субвенциите за струја

Извор: (dw)

актуелно ЕВН поплаки сметки струја
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.