Египетската полиција во близина на Каиро застрела десет лица осомничени за припадност на Исламска држава, соопштија египетските сили за безбедност.
Во таа операција ранети се пет полицајци.
Северен Синај е упориште на џихадистичката група Провинција Синај, која пред тоа се викаше Ансат Белт ал Магдеш, а го смени името во 2014 година за да искаже лојалност на самопрогласениот „калифат“ Исламска држава на териториите на Сирија и Ирак.
Покрај нападите што ги прават во Синај, џихадистите исто така ги напаѓаат и останатите делови од земјата.
Египет е се повеќе на мета на исламските екстремисти, после смената на претседателот Мухамед Мурси од Муслиманско братство во 2013 година.