Министерот Никола Димитров денска на прес конференција реагираше на постапката на техничката министерка за труд и социјала ,Рашела Мизрахи, која пред некој ден ја врати старата табла во министерството на која го нема “Северна”.
Димитров потсети дека со тоа го крши уставот и со непочитување на Преспанскиот договор ги загрозува евро-атланските интеграции.
-Ја повикувам министерката да постапува согласно Уставот и согласно нејзината заклетва при преземањето на функцијата министер во техничката влада – рече министерот Димитров.
Во спротивно тој смета дека техничкиот премиер Оливер Спасовски треба да отпочне процедура за нејзино разрешување од функцијата.







