Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Цената на нафтата паѓа
  • ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите
  • Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
  • Италија го менува својот изборен систем
  • Во Франција, заклучно со утринава, 141 средно училиште остана затворено поради ученичките протести
  • „Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевстки настан CPHI
  • УХМР со временска најава за продолжениот викенд
  • Средба на Муцунски со Петрова во Софија
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Во Загреб отворен македонски културен центар
Настани

Во Загреб отворен македонски културен центар

октомври 27, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„По Истанбул, Софија, Тирана, Њујорк, Загреб е петтиот македонски културно-информативен центар во светот. Сите центри, набргу по нивното отворање, го положија испитот за нивната оправданост и неопходност. КИЦ во Загреб цели кон висока оценка на тој испит“, соопшти министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на свеченоста по повод официјалното отворање на центарот во Хрватска.

Костадиновска-Стојчевска пред бројните гости, меѓу кои беше и хрватската министерка за култура и медиуми, Нина Обуљен Коржинек, истакна дека за хрватските граѓани нашата музика, нашата уметност, култура, нашите традиционални вредности имаат посебно место во нивните срца.

„Но, и поради нашите, на кои овој град и оваа земја им се нивна постојана адреса на живеење – овој Центар, ова катче нека биде пократкиот пат до дома и уште една македонска порта кон заедничките културни европски вредности“, нагласи Костадиновска-Стојчевска.

Таа потсети дека Одлуката за основање на КИЦ во Загреб е донесена пред година и половина и упати благодарност до директорката на ова катче на македонската култура во Загреб, Наталија Поповска, која со успех веќе ја реализира и програмата.

„Нашите чувства кон Загреб се уште подлабоки со фактот дека тука, пред 161 година, е отпечатен и првиот Зборник на македонските преродбеници, браќата Димитар и Константин Миладинови, со помош на хрватскиот бискуп и добродетел Јосип Штросмајер. Загреб е и првата станица на долгиот пат на милосрдноста на нашата Гонџа Бојаџиу, за Ватикан светица, за светот Мајка Тереза. Пред 32 години Загреб ја прогласи за свој почесен граѓанин и, како што и самата рече: „ова е градот на мојата разделба со мајка ми и сестра ми и почеток на мојата мисија“, нагласи македонската министерка.

Меѓу другото, посочи дека преку Годишната програма за поддршка на проекти од областа на културата, Министерството за култура со години ги поддржува проектите на Здружението на хрватската заедница во Македонија.

Хрватската министерка за култура и медиуми Нина Обуљен Коржинек изрази задоволство што заедно со македонската министерка за култура го отворија Културно-информативниот центар на Македонија во Загреб, кој, како што рече, ќе биде центар на нови знаења за вредната македонска култура, но и нова платформа за презентација за македонските уметници, во корист на уште поплодна заедничка културна соработка.

„Историјата и културата на хрватскиот и македонскиот народ се испреплетени со делување на истакнати поединци, а денес нашите културни сцени би биле посиромашни без гостувањата и заедничките програми на хрватските и македонските уметници“, рече Обуљен Коржинек.

Свеченото отворање на петтиот македонски КИЦ во светот беше збогатено со изложба на уметнички фотографии „Македонија низ објективот на хрватски фотограф Марио Пуциќ“.

На свеченоста присуствуваа и македонски студенти кои студираат во Хрватска, а беа прочитани и сегменти од драмите на Горан Стефановски кои се преведени на хрватски јазик, како и расказ од Славко Јаневски.

актуелно Загреб култура македонија хрватска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Цената на нафтата паѓа

октомври 9, 2026

ЕСМ со последен апел до скопјани: Грејната сезона почнува на 15 октомври, проверете ги инсталациите

октомври 9, 2026

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите

октомври 9, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.