Заменикот на турскиот премиер Вејси Кајнак рече дека во Измир бил планиран многу поголем напад, врз основа на оружјето кое е пронајдено на местото каде што се случи денешната експлозија.
„Од подготовките, оржјето, бомбите и запленетата муниција јасно се гледа дека е планиран многу поголем напад“, рече Кајнак.
Тој додаде дека нападот нема да го спречи военото учество на Турција во Сирија и Ирак.
Во вчерашниот напад со автомобил-бомба во Измир убиени се полицаец и работник во судот, а уште најмалку десет луѓе се потешко повредени.
Полицијата застрела двајца напаѓачи, а во потрага е по третиот.