Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализрани девет нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 260 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, соопшти Министерството за здравство.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало пет приеми.
Во ковид – центарот во ГОБ „8 Септември“ имало два нови приеми на пациенти, исто колку и на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени осум оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид – центарот се лекуваат 22 пациенти, на Клиниката за неврологија 28 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 16 пациенти со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 76 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежат 85 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 30 пациенти, на ГАК три пациентки.
Вкупно 260 пациенти потврдени и сомнителни за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и изутрината до 8 часот имало 90 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка, стои во соопштението.






